77744 Република Македонија: Родова Дијагностика: Јазови во Постигнувањата, во Пристапот до Економски Можности и во Делувањето Роди` ви проценки ви` ЕЦА Единица за намалување на сиромаштијата и економско управување Регион Европа и Централна Азија Насловна фотографија: фотографија на Светска банка/ Јосеф Хадар. Извештај 77744 - MK Република Македонија: Родова Дијагностика: Јазови во Постигнувањата, во Пристапот до Економски Можности и во Делувањето Јануари 2013 година Единица за намалување на сиромаштијата и економско управување Регион Европа и Централна Азија Содржина Признанија v Извршно Резиме vii Дел 1. Вовед 1 Дел 2. Постигнувања 7 2.1 Образование 7 2.2 Здравство 9 2.3 Време 13 2.4 Пристап до кредити и заштеди и способност за непречена потрошувачка 15 Дел 3. Економски Можности 17 3.1 Учество на жените во работната сила 17 3.2 Невработеност на жените 24 3.3 Родовиот јаз во платите со селекциона корелација 27 3.4 Претприемништвото кај жените 30 Дел 4. Делување 35 Дел 5. Заклучок 45 Литература 49 Анекс: Јазови и статистички значајни разлики во клучните променливи 53 i ii Република Македонија: Родова Дијагностика ` Полињи 1 Меѓународното искуство со АППТ поврзани со обука за самовработување xi Слики 1 Населението во Република Македонија старее 2 2 Жените се помалку задоволни со нивните животи од мажите 3 3 Жените и мажите подеднакво им даваат важност на работата, пријателите и забавата, додека жените им даваат поголема важност на семејството и религијата 4 4 Република Македонија постигна родова рамнотежа во стапките на упис но, не сите етнички групи имаат еднаков пристап до образованието 8 5 Жените се поуспешни од мажите, а Република Македонија е доста послаба од регионалниот просек на резултати од учењето по читање, науки и математика 10 6 Споредено со мажите, жените како поле за учење почесто ги избираат општообразовните програми и предметите поврзани со општествените науки, а поретко инженерството 11 7 Стапката на абортуси падна за 50 проценти но Република Македонија е една од земјите во ЕЦА со најниска преваленција на контрацепцијата и со највисока незадоволена побарувачка за контрацепција кај мажените жени 12 8 Жените во Република Македонија имаат ниска стапка на фертилитет, но просечната возраст на жената при раѓањето на нејзиното прво дете е во согласност со регионалниот просек 13 9 Во Република Македонија сè уште доминира типичната поделба на обврските во домаќинството, дури и кај вработените лица 14 10 Понизок процент на жени отколку мажи изјавиле дека позајмиле пари во минатата година или дека имаат заштедено пари 15 11 Жените имаат поголема аверзија кон ризикот од мажите 16 12 Родовите јазови во учеството во работната сила се повисоки во Македонија отколку во повеќе земји во регионот а учеството на жените во работната сила во последните шест години помалку се зголемило кај жените отколку кај мажите 18 13 Македонија е на дното на врската со У – облик помеѓу учеството на жените во работната сила и економскиот развој 19 14 Родовиот јаз во учеството во работната сила се зголемува со возраста и е повисок кај помалку образованите лица 20 Содржина iii 15 Учество во работната сила на мажите и на жените по региони за периодот 2004-2006 година 21 16 Родови јазови не се појавуваат во стапките на невработеност или во времетраењето на невработеноста кај оние што учествуваат на пазарот на труд 23 17 Мажите почесто од жените се самовработени и поретко се неплатени семејни работници но младите мажи се почесто неформално вработени отколку жените 24 18 Жените вработени почесто од мажите вработени работат во производството или во здравството и социјалниот сектор 25 19 Поголемите бизниси имаат поголема интензивност на жените во производството особено бизнисите во секторот за облека и текстилниот сектор 27 20 Помалку жени одлучуваат да почнат бизнис, но нивните стапки на успех и аверзија кон ризик се слични како и кај мажите 30 21 Откако ќе се основаат бизнисите, родовите јазови во претприемништвото исчезнуваат. Но, помалку бизниси се управувани од жени, а оние што се, генерално се во сопственост на жени 32 22 Мажите се позаинтересирани за политика и поверојатно е дека ќе учествуваат во колективни политички активности 37 23 Иако мажите и жените се согласуваат дека жената треба да има проминентна улога во домаќинството жените почесто од мажите се согласуваат со изјавите кои го отсликуваат нивното осилување 40 24 Дистрибуција на работниците по сектори 56 iii iv Република Македонија: Родова Дијагностика Признанија Овој извештај го подготвија Елиза Гамберони (економист, ПРМГЕ) и Жозефина Посадас (економист, ПРМГЕ) како дел од трудовите за родовите во Западен Балкан (ТЛ: Марија Е. Давалос и Сарош Сатар). Авторите би сакале да им се заблагодарат на рецензентите Џенифер Солаторов и Диего Анхел Урдинола, како и на Ана Марија Муноз Буде, Марија Е. Давалос, Карола Груен, Бојана Нацева, Индира Ванеса Сантос, Сарош Сатар, Сандра Шлосар и Кенет Симлер за нивните корисни сугестии и делување. Грег Сејмур ни даде одлична поддршка во управувањето со податоците. v vi Република Македонија: Родова Дијагностика Извршно Резиме Република Македонија затвори повеќе јазови во родовата нееднаквост, особено во областа на образованието и здравството, но опстојуваат клучни диспаритети во економските можности и во делувањето, особено кај одредени етнички групи. Во овој извештај се дава преглед на родовите диспаритети во повеќе исходи во поглед на човечките и физичките достигнувања, пристапот до економски шанси и делувањето. Исто така, во него се нудат и можни објаснувања за овие јазови и во текот на процесот, се утврдуваат јазови во знаењето коишто треба да бидат предмет на идните истражувања. Овој извештај примарно се базира на податоците од Анкетата за потрошувачката на домаќинствата (АПД) од 2008 година и на Анкетата за животот во транзиција (2008) и на Анкетата за европските вредности (2008). Родови диспаритети во постигнувањата (Човечки капитал, време и пристап до финансии и заштеди) Во просек, Република Македонија постигна родова еднаквост во здравството и во образованието, меѓутоа, опстојуваат родовите диспаритети кај одредени подгрупи на населението. На пример, родови јазови во стапките на упис во образованието сè уште постојат кај етничките Албанци, а стапките на упис во средното образование остануваат особено ниски кај мажите и жените етнички Роми. Во целина, просечните образовни резултати во Република Македонија, како и во повеќето земји во регионот, се подобри кај жените отколку кај мажите. Меѓутоа, поверојатно е жените да одберат општообразовни програми или општествени науки како нивно примарно поле на образование. И мажите и жените веројатно нема да продолжат со обука по нивното почетно образование, но од различни причини: жените почесто ги наведуваат семејните обврски како клучен фактор за таа одлука (19 проценти од жените, наспроти 1,5 процент од vii viii Република Македонија: Родова Дијагностика мажите) бидејќи жените посветуваат многу поголем дел од своето време на семејните активности. Исто така, само ограничен број деца се запишуваат во предучилишно образование. Конечно, не утврдивме јазови во пристапот до кредити туку повеќе во пристапот до заштеди: помал процент од жените (18 проценти), отколку од мажите (25 проценти) пријавуваат дека имаат заштеди. Родови диспаритети во економските можности (Пазар на труд и претприемништво) Учеството на жените во работната сила е ниско, особено меѓу жените кои имаат само основно образование или помалку. Околу 51 процент од жените учествуваат во работата сила (во возрасната група 15-65 години), споредено со 78 проценти од мажите и 62 проценти во целиот регион на ЕЦА.11 Веројатноста жените со ниско образование да учествуваат на пазарот на работна сила е уште помала. Треба да се забележи дека ефектот на образованието врз учеството е поголем кај жените отколку кај мажите. Исто така, сфаќањата поврзани со домашните обврски (како што се бракот и бројот на деца) негативно влијаат врз учеството на жените во работната сила. Имањето сопружник кој заработува повеќе ја намалува веројатноста за вработување на жените, но не и на мажите. Претходните студии покажаа дека и регионот на живеење може негативно да влијае врз учеството во работната сила. На пример, податоците од АПД покажуваат дека жените во Тетово, регион во кој голем дел од населението е од албанската етничка група, помалку веројатно ќе учествуваат во работната сила отколку жените од другите региони. Истата анкета, исто така, открива дека голем дел од жените Албанки имаат завршено само основно образование што го акцентира определувачкото влијание на образованието врз учеството на жените во работната сила. Врз основа на просечните заработки на час, во 2006 година беше пресметано дека чистиот родов јаз во платите е 18 проценти. Земајќи ги во предвид самоизборот, занимањата, дејноста, (потенцијалното) искуство и образованието, тој се зголемува на 19 проценти за целокупното работоспособно население. Намалувањето на чистиот јаз на платите понатаму ја нагласува важноста на образованието за жените: Враќањето на жените во образованието е поголемо отколку на мажите. Исто така, подолгиот животен век, ниското учество во работната сила и постојаните родови јазови во платите ја зголемуваат веројатноста за пониски приходи на постарите жени. Иако бизнисите со кои управуваат жени се подеднакво продуктивни како и бизнисите со кои управуваат мажи, мал е бројот на жени 1. Освен ако не е поинаку наведено, регионалниот просек на ЕЦА се однесува на просекот на земјите со ниски и со средни приходи во регионот ЕЦА. Извршно Резиме ix претприемачи. Исто така, иако повеќе жени отколку мажи продолжуваат со образование за бизнис, помалку жени почнуваат сопствен бизнис. Од ограничените достапни податоци не откривме статистички значајни разлики во пристапот до кредити помеѓу мажите и жените кои почнуваат бизнис или во нивните релативни стапки на успешност. Меѓутоа, разликите во пристапот до мрежите и до човечкиот капитал би можеле да играат улога. Родови диспаритети во делувањето (Домашно насилство, колективни акции и социјални норми) И понатаму, во Република Македонија постојат родови диспаритети во делувањето. Учеството на жените во колективните активности е ограничено, а родовите стереотипи и понатаму опстојуваат. Исто така, домашното насилство е прашање кое бара поширока анализа: Иако ограничените податоци за домашното насилство не овозможуваат длабинска анализа, една анкета спроведена во 2005 година покажа дека голем дел од жените на возраст помеѓу 15 и 49 години тврделе дека веруваат дека „мажот има право да ја тепа својата жена/партнер.“2 Ова верување најчесто може да се сретне кај ромската етничка група.3 Иако има ограничени податоци за ова прашање, достапните докази покажуваат дека домашното насилство е сериозно прашање; 61 проценти од 850 интервјуирани жени се изјасниле дека биле жртви на домашно насилство. Испитаниците биле жени на возраст од 30 до 40 години со ниско ниво на образование.4 Во поглед на социјалните норми, изгледа дека е помала веројатноста жените да учествуваат во колективни активности, но со тек на време се зголеми политичката застапеност на жените. Во просек, кај целото население, преовладуваат родовите стереотипи за улогата на мажите како хранители и на жените како главни даватели на нега во домаќинството, но жените и мажите не го делат мислењето за овие родови улоги. На пример, мажите, двојно почесто (околу 50 наспроти 25 проценти, соодветно) се согласуваат со изјавата дека мажите треба да имаат приоритет пред жените ако нема доволно работни места. Заклучоци и импликации врз политиките Во иднина, во Република Македонија се потребни понатамошни напори за зголемување на пристапот на жените до економски можности. 2. Завод за статистика на Република Македонија и УНИЦЕФ (2006) „Кластерска анкета со повеќе показатели: Следење на состојбата на децата и на жените 2005- 2006.“ http://www.unicef.org/statistics/index_24302.html 3. Завод за статистика на Република Македонија и УНИЦЕФ. 2006. 4. CEDAW (2004) “Consideration of reports submitted by States parties under Article 18 of the Convention on the Elimination of All Forms of Discrimination against Women Combined initial, second and third periodic reports.” The former Yugoslav Republic of Macedonia.” http://daccess-dds-ny.un.org/doc/UNDOC/GEN/N04/463/31/IMG/ N0446331.pdf?OpenElement x Република Македонија: Родова Дијагностика Политиките насочени кон поттикнување на конкурентноста на приватниот сектор за создавање работни места се клучни за справување со високата невработеност со која се соочуваат и мажите и жените; овие високи стапки на невработеност би можеле дополнително да го обесхрабрат учеството во работната сила. Меѓутоа, како што се објаснува во Извештајот на Светска Банка за светскиот развој за 2012 година, во понатамошниот текст ИСР, овие политики нема да бидат доволни да се отстранат сите опстојувачки родови јазови во економските можности. Бидејќи малото учество на жените во работната сила изгледа дека е најприсутно кај неквалификуваните работници, неодамнешното воведување на минималната плата во Република Македонија би можело да помогне да се намали родовиот јаз во учеството во работната сила. Анхел – Урдинола (2008) презентира серија симулации за тоа како со воведувањето на минималната плата би можел да се промени родовиот јаз кај платите. Тој претпоставува ниво на минималната плата помеѓу 0,1 и 1 од медијаната плата (т.е. помеѓу 30 и 50 денари на час). Резултатите покажуваат дека воведувањето на минимална плата помеѓу 40 и 50 денари на час би можело да помогне да се намали родовиот јаз кај платите за 15 до 23 проценти со намалување на поголемиот родов јаз кај проучуваните плати на работници со ниско или без образование. Меѓутоа, минималната плата утврдена на ниво над пазарната цена на трудот може да ја намали побарувачката за работна сила. Анхел – Урдинола (2008) сугерира дека високото ниво на дискриминација и ниското ниво на мобилност на пазарот на труд би можеле да укажуваат дека работодавачите ги плаќаат ниско квалификуваните жени под нивниот маргинален производ на трудот. Во тој поглед, неодамнешното воведување на минимална плата од 150 евра месечно претставува интересен развој што треба да се следи.5 Во случајот на Република Македонија, со политиките може да се зголеми учеството на жените во работната сила преку влијание врз потенцијалните плати или резервирани плати за помалку квалификуваните жени. Промените во потенцијалните плати можат да бидат под влијание на подобрувањата на нивото на образование, намалената сегрегација во проучуваните полиња и под влијание на обезбедувањето субвенции за детска заштита, породилно отсуство или поттик жените да почнат сопствени бизниси; со последното може да им се помогне на невработените жени со образование во областа на бизнисот (кои претставуваат околу 16 проценти од невработените жени) да им се обезбеди вработување и да се придонесе за затворање на родовиот јаз во претприемништвото (видете го полето 1).6 Со понатамошната анализа треба 5. “Macedonia sets minimum wage.” SETimes.com. Oct. 5, 2011. http://setimes.com/ cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/roundup/2011/10/05/roundup-bs-03 6. Gamberoni E. and J. Posadas (2012) “Gender gaps in labor market outcomes: par- ticipation, unemployment, and wage gaps in FYR Macedonia, mimeo, World Bank, Washington DC. Извршно Резиме xi ПОЛЕ 1 Меѓународното искуство со АППТ поврзани со обука за самовработување Активните програми на пазарот на труд (АППТ) што се базираат на обуката, варираат во зависност од целните групи (на пример, тие можат да бидат насочени кон разни групи квалификувани или неквалификувани работници) и може да имаат разни форми. Клувре и други (2012) го анализираат искуството на повеќе програми кои се потпираат на студии и влијаат на оценките. На пример, анализирајќи ја обуката која е насочена кон студентите кои бараат работа, авторите ја разгледуваат и обуката за самовработување. Тие нагласуваат дека интервенциите во кои се комбинира корпоративното менторство на студентите на универзитетите и во центрите за стручно образование во раните фази, може да им дадат на студентите основни деловни вештини и информации за потребните вештини во приватниот сектор, а дури можат и да им помогнат да се воспостават контакти помеѓу претприемачите и дипломците за потенцијална идна соработка. Овие интервенции можат да се спроведат во последните години на универзитетското образование. На пример, турскиот проект за претприемништво за млади нуди осуммесечна обука за претприемништво по која дипломците ќе изготват нацрт бизнис план. Потоа, најостварливите бизнис планови добиваат средства од Одборот за претприемништво. Слични програми се спроведуваат и во земјите на Блискиот Исток, Северна Африка и во Сенегал, а квалитативните оценки покажуваат позитивни резултати. Авторите заклучуваат дека ни треба поголема оценка на влијанието на постојните програми и подлабока анализа на најдобрите меѓународни практики за да се добијат генерални заклучоци. Истовремено, авторите презентираат некои добри практики за дизајнот на АППТ поврзани со обука. Тие, на пример, опфаќаат основање едношалтерски центри каде поединците можат да побараат помош. Меѓутоа, овие центри и советници треба да имаат соодветни човечки ресурси и технологии за да ги насочат поединците во соодветните програми врз основа на способностите и ставовите на работникот. Извор: Клуве, Ротер и Санчез Пуерта (2012). да се разгледа и постојната група активни шеми на политики на пазарот на труд. На пример, во извештајот се утврди дека жените почесто ќе ги наведат „семејните обврски“ како клучна причина за непродолжување со образованието. Понатамошната анализа треба да се фокусира и на трудовото законодавство. Со трудовите закони во Република Македонија се пропишува ограничено работно место/смени и различна возраст за пензионирање за жените со потенцијално негативно влијание врз родовите јазови во заработките и вработеноста. Република Македонија треба да се справи и со јазовите во делувањето и особено со домашното насилство. Ограничените достапни информации покажуваат дека со обучувањето на полицијата за одредбите за домашно насилство и со поддршката на институциите кои обезбедуваат заштита и помош за жртвите ќе се зголеми веројатноста дека жените ќе го пријавуваат домашното насилство. Меѓународните искуства резимирани во ИСР 2012 покажуваат дека давателите на услуги можат поефективно да се насочат кон жените преку справување со нивните ограничувања во поглед на времето и xii Република Македонија: Родова Дијагностика мобилноста и директно донесување на услугите до нив. Овие услуги, на пример, опфаќаат правници во заедницата и мобилни канцеларии за правна помош кои им овозможуваат на жените да го искористат правосудниот систем. Исто така, во ИСР 2012 се сугерира дека со зголемувањето на бројот на жените во правосудниот систем и во полициските сили кои активно се вклучени во справувањето со домашното насилство се зголемува и веројатноста жените да ги пријават случаите на домашно насилство.7 Ограничените достапни податоци, особено за етничките малцинства, оневозможија подлабока анализа. Поради мултиетничкиот состав на населението во Република Македонија, подобреното прибирање податоци за етничките малцинства во областите како што се учеството во работната сила, јазовите на платите, здравствените исходи и делувањето се од најголемо значење за дизајнирањето насочени решенија за политиките базирани на цврсти докази. 7. World Bank. 2011. “Gender Equality and Development. WDR 2012.” Page 32. World Bank, Washington DC. ДЕЛ 1 Вовед Развојните предизвици со кои се соочува Република Македонија, како што е населението со ограничени вештини и недоволната конкурентност во создавањето работни места во приватниот сектор, не можат да се надминат без справување со родовите прашања. Жените и понатаму остануваат неискористен извор на економски раст. На пример, иако анализата покажува дека бизнисите основани од жени се подеднакво продуктивни како оние основани од мажи, помалку жени почнуваат сопствени бизниси. Исто така, и покрај генералната родова рамнотежа во уписот во образованието и подобрите резултати во учењето на жените отколку на мажите, учеството на жените во работната сила останува ниско. Населението старее (види слика 1) и овој факт, заедно со ниското учество во работната сила и јазовите на платите, ја зголемува веројатноста за ниски приходи на постарите жени. Во Република Македонија, пензиските примања зависат од акумулирањето на средства на поединечните сметки (ОЕЦД, Профили на земјите на ИОПС). Вдовиците на возраст над 50 години можат да побараат семејна пензија, која вообичаено изнесува 70 проценти од пензијата на мажот. Жените во Република Македонија се изјаснуваат дека имаат пониско задоволство со нивните животи отколку мажите (види слика 2).8, 9 Како и во 8. Анализата се базира на АЕВ (2008) и АЖТ (2010). АЕВ и АЖТ поставуваат прашања за субјективната благосостојба. Интересно е да се презентираат информациите од двата извора бидејќи прашањата се разликуваат по (а) зборовите, (б) главните прашања и (в) просечните карактеристики на испитаниците по род. Како што знаеме, сите овие параметри влијаат врз одговорите (Гамберони и Посадас, 2012). Поконкретно, главната разлика е дека АЖТ прашува за домаќинството, а АЕВ прашува за поединецот. Исто така, АЕВ и ЛИДС содржат различни информации кои овозможуваат разни аспекти кои се однесуваат на родовите разлики. 9. Во Анексот 2 се даваат резултатите од т-тестот за статистичката значајност на клучните променливи потенцирани во овој документ. 1 2 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 1 Населението во Република Македонија старее Извор: Базата на податоци на ООН. други земји, субјективните мерки на задоволството од животот и возраста имаат инверзна асоцијација со У – облик (види Греам 2011). Во случајот на Република Македонија, постарите жени се помалку задоволни од постарите мажи (види слика 2, втор панел). Жените им даваат поголема важност на семејството и на религијата отколку мажите, но и мажите и жените подеднакво им даваат важност на работата, пријателите и забавата (види слика 3). Задоволството од животот зависи од задоволството постигнато во различните домени, особено во оние што се смета дека се многу важни. Околу 86 проценти од жените мислат дека работата е многу важен критериум за задоволството од животот, но учеството на жените во работната сила е само 50 проценти. Ова делумно може да објасни зошто жените се сметаат себе за помалку задоволни. Дел 1. Вовед 3 СЛИКА 2 Жените се помалку задоволни со нивните животи од мажите Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ (2008) и АЖТ (2010). Во овој контекст, во овој извештај се истражуваат родовите јазови во постигнувањата (човечки и физички), економските можности и делувањето во Република Македонија. Извештајот ја следи рамката на ИСР 2012 кој во центарот на анализата го става домаќинството. Одлуките донесени во домаќинството зависат од моќта за пазарење на секој член на домаќинството, а со тоа и од неговиот пристап до постигнувањата, економските можности и делувањето. На опстојувачките родови јазови може да се влијае само преку директни акции во овие три димензии. Клучните наоди можат да се резимираат на следниот начин:10 10. За слична анализа за регионот ЕЦА, погледнете во World Bank (2012) “Opportu- nities for Men and Women: Emerging Europe and Central Asia,” World Bank, Washing- ton DC. 4 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 3 Жените и мажите подеднакво им даваат важност на работата, пријателите и забавата, додека жените им даваат поголема важност на семејството и религијата. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ (2008). • Во образованието, Република Македонија постигна родова рамнотежа во стапките на упис, со исклучок на одредени етнички малцинства. Во случајот на Ромите, нето стапката на упис помеѓу основното и средното образование паѓа до скоро 50 проценти, вкупно за мажите и жените. Кај Албанците, во основното и во средното образование, процентот на упис на мажите секогаш е повисок отколку на жените. • Жените имаат повисок животен век од мажите, стапката на смртност на родилките е под регионалниот просек, а стапката на абортуси во периодот од 2000 до 2010 година опадна за 50 проценти, но сè уште е висока. Република Македонија останува една од земјите во регионот со најниска стапка на користење на средства за контрацепција од страна на жените. • Мажите трошат повеќе време на платена работа, додека жените трошат повеќе време на домашни активности. • Родовите јазови се големи во пристапот до заштеди, но не и во пристапот до кредити. Дел 1. Вовед 5 • Иако учеството на мажите во работната сила во Република Македонија е на ниво на регионалниот просек, учеството на жените е далеку пониско. Родовите јазови во учеството во работната сила се уште поголеми кај постарите и помалку образованите жени, а родовиот јаз во учеството драматично варира по региони, каде тетовскиот регион покажува најниска стапка на учество на жените во работната сила. Овој регионален диспаритет веројатно е резултат на разликите во нивото на образование помеѓу мажите и жените од одредените етнички групи. • Поверојатно е жените да работат како неплатени семејни работници или вработени отколку да бидат самовработени. Во поглед на неформалното вработување, тоа особено ги погодува младите мажи.11 • Постои одредена разлика помеѓу вработените жени и мажи во однос на секторот на концентрација, а интензитетот на жените во производството е поголем во поголемите бизниси и во текстилната индустрија и индустријата за облека, каде тие се најголем дел од работниците во производството. • Земајќи ги предвид самоизборот на пазарот на трудот и повеќе вообичаени копроменливи, платите на жените се пониски од платите на мажите. • Учеството на жените во самовработувањето и претприемништвото е многу ниско и помалку жени почнуваат сопствен бизнис отколку мажи. Меѓутоа, стапките на успешност на бизнисите не се разликуваат зависно до полот. Исто така, бизнисите управувани од жени се подеднакво продуктивни како и оние управувани од мажи без разлика дали продуктивноста се мери преку обемот на продажба или преку додадената вредност по работник. • Поради ниското учество во работната сила на помалку образованите жени, политиките треба да се фокусираат на утврдувањето на соодветните интервенции за да се зголеми нивното учество. Неодамнешното воведување на минималната плата може да претставува една од овие политики. Со другите политики можат да се бараат начини да се влијае врз резервираните плати за жените. Тие на пример, опфаќаат обезбедување детски додаток, породилно отсуство и флексибилно работно време. Исто така, програмите насочени кон мотивирање на жените да почнат сопствен бизнис би можеле да ги охрабрат невработените жени со образование за бизнис да учествуваат во работната сила. 11. За неформални работници ги сметаме оние кои не се изјасниле дека се регистрирани во пензискиот фонд, во фондот за пензиско и за здравствено осигурување или во фондот за здравствено и социјално осигурување на Македонија. 6 Република Македонија: Родова Дијагностика • Со ревидирање на трудовото законодавство со кое се пропишува ограничено работно време/смени и различна возраст за пензионирање на жените би можело да се охрабри учеството на жените во работната сила. • Статистиката за домашното насилство е оскудна, но во студиите се известува дека културните норми го обесхрабруваат пријавувањето на домашното насилство.12 Во 2005 година, околу една четвртина од жените на возраст од 15 до 49 години се изјасниле дека мажот има право да ја тепа својата жена/партнер во разни околности. Ова верување почесто е прифатено од жените во руралните области или од жени без образование.13 • Со тек на време се подобри учеството на жените во политиката, но изгледа дека жените се помалку заинтересирани за политика од мажите и дека помала е веројатноста да учествуваат во колективни акции. • Опстојуваат социјалните норми поврзани со различната распределба на одговорностите помеѓу мажите и жените: околу 72 проценти од мажите и 70 проценти од жените се согласуваат со изјавата дека „работата е добра, но она што жените вистина го сакаат се дом и деца.“ • Со повеќе закони во Република Македонија се гарантира еднаквоста на родовите. Меѓутоа, некои студии покажуваат дека овие закони можеби не се спроведуваат активно. Новата стратегија за родова еднаквост за периодот 2013-2017 година е во тек на расправа и ќе ја замени постојната стратегија за периодот 2007-2012. Владата, неодамна ја усвои и својата прва петгодишна стратегија за родово одговорно буџетирање. Овој извештај е структуриран на следниот начин. Во делот два се разгледуваат родовите јазови во постигнувањата, вклучувајќи ги и оние во образованието, здравството, времето и пристапот до финансии (кредити и заштеди). Во делот три се разгледуваат родовите јазови во економските можности, особено оние на пазарот на труд и претприемништвото.14 Во делот четири се разгледуваат родовите јазови во делувањето, се анализираат родовите јазови во мерките како што се политичката претставеност, учеството во колективни акции и домашното насилство и се дава резиме на постојното законодавство кое може да влијае врз проучуваните родови јазови. Во делот пет се заклучоците. 12. CEDAW. 2004. 13. Завод за статистика на Република Македонија и УНИЦЕФ. 2006. 14. Во овој дел се влечат податоци од белешката за политиките (Гамберони и Посадас, 2012) изготвена во контекстот на „вработувањето и создавањето работни места во Република Македонија токму навреме за да се поддржи градењето капацитети“ (ХД) и од „Програмската работа за родовите во Западен Балкан.“ ДЕЛ 2 Постигнувања 2.1 Образование Република Македонија постигна родова рамнотежа во стапките на упис, но стапките на упис во високото образование сè уште се пониски од регионалниот просек (слика 4, горен панел). Во 2010 година, нето стапката на упис на жените за малку ја надмина нето стапката на упис на мажите, освен во повисокото средно образование и таа беше еднаква на бруто стапката на упис.15 Стапките на упис беа и на ниво на регионалниот просек на ЕЦА, освен во високото образование, каде се запишале околу 42 проценти од жените и 35,5 проценти од мажите, споредено со регионалниот просек од 60 проценти за жените и 50 проценти за мажите. Некои етнички групи сè уште заостануваат во поглед на образовните постигнувања и на пристапот до образованието (слика 4, долни панели). Иако анализираниот примерок е ограничен, пресметките засновани на податоците за домаќинствата за 2008 година16 откриваат дека голем дел од Ромите, особено жени, не го почнале или не го завршиле основното образование. Исто така, 62 проценти од жените од албанската етничка група имаат завршено само основно образование. И стапките на упис се разликуваат. Кога ќе ја погледнеме ромската етничка група, процентот на жени запишани во средно училиште е поголем од оној на мажите. Меѓутоа, стапките на упис на Ромите опаѓаат помеѓу основното и средното образование од 86 проценти на 42 проценти кај мажите и од 78 проценти на 15. Со нето стапките на упис во основното образование се мери процентот на деца од одредена возраст запишани во основно образование додека со бруто стапката на упис се мери процентот на лица запишани во основно образование без разлика на возраста. 16. Во 2009/2010 се промени образовниот систем и средното образование стана задолжително. 7 8 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 4 Република Македонија постигна родова рамнотежа во стапките на упис... Извор: Показатели на СРП,податоци за 2010 година (најнови достапни податоци). ...но, не сите етнички групи имаат еднаков пристап до образованието. Извор: Пресметки на авторите врз основа на податоците од Анкетата на потрошувачката на домаќинствата, 2008 година. Дел 2. Постигнувања 9 52 проценти кај жените. Кај Албанците, стапките на упис и во основното и во средното образование се секогаш повисоки кај мажите отколку кај жените.17 Во просек, во поглед на резултатите од учењето, жените се поуспешни од мажите, но сепак резултатите на тестовите во Република Македонија сè уште се многу послаби од регионалниот просек (слика 5). Жените се поуспешни од мажите во читање (мерено со просечниот резултат на ПИРЛС во четврто одделение) во сите земји на ЕЦА за кои постојат податоци, освен во Турција (слика 4, лев панел). Меѓутоа, помеѓу земјите за кои има достапни податоци, Република Македонија има најнизок просек на ПИРЛС по читање. Слични заклучоци се наметнуваат и кога ги гледаме показателите за резултатите од учењето по науките и математика. Жените се поуспешни од мажите, а и генерално Република Македонија е послаба од регионалниот просек (во однос на земјите за кои имало достапни податоци во 2003 година.18 Меѓутоа, мажите и жените избираат различни полиња на учење (види слика 6). Жените се понаклонети кон општообразовните програми и предметите поврзани со општествените науки додека мажите поверојатно ќе изберат инженерство, производство или градежништво. Меѓутоа, мал дел и на мажи и на жени избираат да не продолжат со образованието, но од различни причини. Во 2010 година помалку од два проценти жени и мажи се изјасниле дека добиле некаква обука во последниот месец. И мажите и жените ги наведуваат непостоењето интерес како причина за непродолжување со образованието, но околу 19 проценти од жените и 1,5 процент од мажите ги наведуваат и семејните обврски.19 2.2 Здравство Жените имаат поголем очекуван животен век од мажите. Очекуваниот животен век на жените е 76,4 години, а на мажите 72,1 година. Ако ги 17. За да ги зголеми стапките на упис, владата обезбедува бесплатни учебници, превоз и сместување за сите ученици во основното и во средното образование. Владата воведе и програма за условени парични трансфери за средното образование со која им се дава надоместок на социоекономски најранливите семејства под услов запишување и редовност во средните училишта. Во минатата училишна година, од вкупно 8985 корисници, 4210 девојчиња го добиле овој надоместок. Околу 13 проценти од корисниците се Роми. Министерството за образование во соработка со Фондот за образование на Ромите спроведе и Проект за средношколски стипендии и менторство кој има за цел да се подобри стапката на останување и постигнувањата на Ромите во средното образование. Од 2009 година, од вкупно 1617 корисници на оваа програма, 713 биле жени Ромки. 18. Понови податоци ќе бидат достапни во декември 2012 година по објавувањето на истражувањата ПИРЛС и ТИМСС за 2011 година, со кои е опфатена и Република Македонија. 19. Гамберони и Посадас. 2012. 10 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 5 Жените се поуспешни од мажите, а Република Македонија е доста послаба од регионалниот просек на резултати од учењето по читање, науки и математика. Забелешка: Во првиот панел ги земаме во предвид сите земји за кои има податоци. Резултатите се од 2006 година за Бугарија, Грузија, Унгарија, Летонија, Литванија, Република Македонија, Молдавија, Романија, Русија и Словенија; од 2001 година за Чешката Република и Турција. Во вториот панел, просечните вредности на ЕЦА не ја вклучуваат Република Македонија, а ги вклучуваат сите земји за кои имало достапни податоци за 2003 година: Ерменија, Бугарија, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Романија, Руската Федерација, Србија, Словачката Република и Словенија. Извор: Пресметки на авторите врз основа на податоците од СРП, најнови достапни години. погледнеме годините близу до законската возраст за пензионирање во Република Македонија, очекуваниот животен век на жените по пензионирањето е 19,5 години (возрасен опсег 60-64 години) додека на мажите е 13,5 години (возрасен опсег 65-69 години). Стапката на смртност на родилките е под регионалниот просек. Во 2010 година, бројот на жени кои умираат во текот на бременоста и при пораѓање на 100.000 живородени бил проценет на 10, околу една половина Дел 2. Постигнувања 11 СЛИКА 6 Споредено со мажите, жените како поле за учење почесто ги избираат општообразовните програми и предметите поврзани со општествените науки, а поретко инженерството. Извор: Гамберони и Подадас, 2012. од регионалниот просек од 20. Во 2009 година 99,8 проценти од пораѓањата биле извршени од обучен медицински кадар, а најновите достапни податоци покажуваат дека во 2006 година, 98,8 проценти од бремените жени добиле здравствена заштита пред пораѓањето.20 Помеѓу 2000 и 2010 година, стапката на абортуси опадна за околу 50 проценти. Меѓутоа, таа сè уште е висока и Република Македонија е една од земјите во регионот со најмала употреба на средства за контрацепција кај жените (види слика 7). Ако ги погледнеме земјите во ЕЦА за кои има достапни податоци, Република Македонија е една од земјите во регионот со најмала употреба на контрацепција и со највисок процент на незадоволена побарувачка за контрацепција кај мажените жени. Во 2005 година, последната година за која постојат податоци за Република Македонија, само 13,5 проценти од жените користеле контрацепција, споредено, на пример со Србија каде во 2006 година, преваленцијата на контрацепцијата била 41,2 проценти. Исто така, во 2006 година, околу 34 проценти од мажените жени кои не се обидувале да останат бремени не користеле никаква форма на планирање на семејството. 20. Светска Банка. 2012. „База на податоци на Светските развојни показатели“ Светска Банка, Вашингтон. 12 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 7 Стапката на абортуси падна за 50 проценти... ... но Република Македонија е една од земјите во ЕЦА со најниска преваленција на контрацепцијата и со највисока незадоволена побарувачка за контрацепција кај мажените жени. Извор: Податоци од СРП, врз основа на последната достапна година помеѓу 2005-2011. Просечната возраст на жената при раѓањето на нејзиното прво дете е 25,6 години, што е во согласност со просекот на ЕЦА. Меѓутоа, стапката на фертилитет, во периодот од 2000 до 2010 година опадна од 1,6 на 1,4 раѓања по жена (види слика 8). Стапката на фертилитет на адолесцентите во 2010 година била околу 19,5 раѓања на 1.000 жени на возраст помеѓу 15 и 19 години што е под регионалниот просек од 27. Дел 2. Постигнувања 13 СЛИКА 8 Жените во Република Македонија имаат ниска стапка на фертилитет, но просечната возраст на жената при раѓањето на нејзиното прво дете е во согласност со регионалниот просек. Извор: Пресметки на авторите врз основа на показателите на СРП. 2.3 Време Поделбата на обврските во домаќинството помеѓу мажите и жените во Република Македонија и понатаму е традиционална: Мажите минуваат повеќе време на платена работа додека жените минуваат повеќе време во домашните активности (види слика 9). Дури и ако се фокусираме само на вработените лица, жените минуваат повеќе време во домашните активности отколку мажите и приближно исто време во домашни активности како просекот за целокупното население. Мажените жени со деца на возраст до 6 години посветуваат повеќе време на домашните активности од другите жени. Неженетите мажи посветуваат повеќе време на домашните активности 14 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 9 Во Република Македонија сè уште доминира типичната поделба на обврските во домаќинството, дури и кај вработените лица Извор: Завод за статистика на Република Македонија, анкета за користењето на времето (2010). отколку другите мажи. Тоа покажува дека сè уште постои традиционалната поделба на обврските во домаќинството. Ниските стапки на упис во предучилишното образование се отсликуваат во ограниченото работно време на родителите. Нето стапките на упис во градинките (деца на возраст до 6 години) се зголемуваат, но нето стапките на упис во предучилишното образование (деца на возраст од 3 до 6 години) остануваат пониски од регионалниот просек на ЕЦА. Нето стапките на упис во градинките се зголемија од 12,36 проценти во 2005 на 14,5 проценти21 во 2010 година. Бруто стапката на упис на предучилишното образование во 2010 година беше 25,5 проценти, многу под регионалниот просек во ЕЦА од 56 проценти.22 21. Завод за статистика на Република Македонија, 2010 22. Светска Банка. 2012. „База на податоци за СРП“ Дел 2. Постигнувања 15 2.4 Пристап до кредити и заштеди и способност за непречена потрошувачка Во 2011 година, помал дел жени отколку мажи изјавиле дека имале пристап до некоја форма на кредит (види слика 10, прв панел). Податоците од базата на податоци Глобал Финдекс на Светска Банка (2012) откриваат дека иако дистрибуцијата на мажи и жени низ изворот на кредити не се разликува, помал дел жени отколку мажи изјавиле дека позајмиле пари. Во последната година, околу 30 проценти од жените и 36 проценти од мажите изјавиле дека побарале кредит. СЛИКА 10 Понизок процент на жени отколку мажи изјавиле дека позајмиле пари во минатата година... ... или дека имаат заштедено пари. Извор: Анкета на Глобал Финдекс (2011). 16 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 11 Жените имаат поголема аверзија кон ризикот од мажите. Извор: Пресметки на авторите врз основа на базата на податоци на АЖТ (2010). Во споредба со регионалниот просек на ЕЦА родовите јазови се проминентни и во пристапот до заштедите. Во Република Македонија, во 2011 година, помал дел од жените (18 проценти) отколку од мажите (25 проценти) изјавиле дека имаат заштедено пари (види слика 10, втор панел). Меѓутоа, во целокупниот регион на ЕЦА, еднаков број жени и мажи изјавиле дека имаат заштедено пари во претходната година. Конечно, и причините за „штедење пари“ не се разликуваат во однос на родовите: мнозинството мажи и жени ги наведуваат идните расходи (база на податоци на Глобал Финдекс). Родовиот јаз во заштедите не зема предвид дека жените во Република Македонија имаат поголема аверзија кон ризикот од мажите (слика 11). Пресметките базирани на АЖТ (2010) покажуваат дека жените имаат поголема аверзија кон ризикот од мажите и дека тие разлики се статистички значајни.23 На пример, кога ќе ги прашате, да ја оценат својата спремност да преземат ризици на скала од 1 до 10, каде 1 значи „неспремен да преземе ризик“, а 10 значи „многу спремен да преземе ризици“, 40 проценти од жените и 25 проценти од мажите одговараат со број еднаков или помал од 3. 23. Ја тестиравме разликата во аверзијата кон ризикот преку пресметка на просечните одговори на мажите и жените на овие две прашања: а) „Ве молиме, на скала од 1 до 10, рангирајте ја вашата спремност да преземете ризик, каде 1 значи дека воопшто не сте спремни да преземете ризик, а 10 дека сте многу спремни да преземете ризици“ и б) „Сега ќе ви поставам хипотетичко прашање. Замислете дека би можеле да изберете едно од две работни места, работа А и работа Б. Работата А нуди просечна плата и не многу големи шанси за унапредување, но е сигурна и долготрајна работа. Работата Б нуди висока плата, големи шанси за унапредување, но значително помала сигурност на работното место. Која работа би ја избрале?“ ДЕЛ 3 Економски Можности24 3.1 Учество на жените во работната сила Додека учеството на мажите во работната сила во Република Македонија е споредливо со регионалниот просек, учеството на жените е далеку пониско. Во 2010 година, учеството на жените во работната сила (за жени на возраст од 15 до 65 години) во Република Македонија било 51 процент, што е пониско од регионалниот просек од 62 проценти (види слика 12, прв панел). Исто така, во периодот помеѓу 2004 и 2010 година, учеството на мажите во работната сила се зголемило за 7 процентни поени, додека учеството на жените во работната сила се зголемило за 4 процентни поени (од 47 на 51 процент). Тоа укажува на родов јаз во учеството во работната сила во 2010 година од 27 процентни поени (види слика 12, втор панел). Република Македонија е на дното на врската со U – облик помеѓу учеството на жените во работната сила и БДП по глава на жител, која може да се најде низ земјите. Тоа покажува дека за повеќе жени во Република Македонија, опортунитетниот трошок да работат е поголем од нивната потенцијална плата на пазарот на труд (види слика 13). Добро е познато дека во земјите учеството на жените во работната сила има U – облик кога ќе се исцрта наспроти БДП по глава на жител: почетниот економски развој е поврзан со структурните промени во економијата која се движи од земјоделството кон производството и им носи поголеми плати на мажите отколку на жените. Овој процес обично се карактеризира со 24. Овој дел е земе од белешката за политиките која го придружува овој извештај, а која се фокусира на резултатите на пазарот на труд: Гамберони Е. и Ј. Посадас (2012) „Родови јазови во пазарните исходи: јазови во учеството, невработеноста и во платите во Република Македонија,“ “Gender gaps in labor market outcomes: participation, unemployment, and wage gaps in FYR Macedonia,” Светска Банка, Вашингтон. Ажурирана верзија на белешката ќе биде подготвена кога ќе станат достапни податоците за 2011 година. 17 18 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 12 Родовите јазови во учеството во работната сила се повисоки во Македонија отколку во повеќе земји во регионот... ... а учеството на жените во работната сила во последните шест години помалку се зголемило кај жените отколку кај мажите. Извор: СРП (2010), АРС Македонија (2010 и 2006) и Светска Банка (2008). отсуство на развој во услугите за грижа за децата или на промени во општествените норми. Како резултат на тоа, зголемувањето на приходите на домаќинството оди рака под рака со намалувањето на учеството на жените во работната сила. Жените остануваат дома и се одговорни за домашните работи и за воспитувањето на децата. Понатамошниот економски развој обично донесува експанзија на услужниот сектор кој ги Дел 3. Економски Можности 19 СЛИКА 13 Македонија е на дното на врската со У – облик помеѓу учеството на жените во работната сила и економскиот развој. Извор: Пресметки на авторите врз основа на СРП (2010). привлекува жените и придонесува за зголемување на нивните плати. Во овој процес, мерките за поттик на пазарот на труд се проследени со повисоки инвестиции во човечкиот капитал на земјите, резултирајќи со зголемување на учеството на жените во работната сила.25 Сега, Република Македонија е една од земјите на дното на кривата и постигнувањата и се согласно просекот. Родовите јазови во учеството во работната сила се поголеми кај постарите и помалку образованите жени (види слика 14). Во 2010 година, стапките на учество на мажите и на жените во работната сила се изедначиле само кај лицата што имаат завршено средно и високо образование. Родовиот јаз во учеството во работната сила за лица што немаат завршено средно образование беше околу 40 процентни поени. Јазот малку се намали, но останува висок кај лицата што имаат завршено средно стручно образование (20 процентни поени) и кај лицата кои имаат завршено средно образование (14 процентни поени). Родовите јазови во учеството во работната сила се зголемуваат и со возраста. Јазот на возраст помеѓу 15 и 24 години е 17 процентни поени, на возраст помеѓу 55 и 64 години е 36 процентни поени. Родовиот јаз во учеството во работната сила драматично се разликува од еден до друг регион. Овие големи регионални разлики се под влијание исклучиво на учеството на жените во работната сила. На сликата 15 се 25. Goldin. 1995. “The U-Shaped Female Labor Force Function in Economic Devel- opment and Economic History”; Mammen and Paxson. 2000. “Women’s Work and Economic Development.” 20 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 14 Родовиот јаз во учеството во работната сила се зголемува со возраста... ... и е повисок кај помалку образованите лица. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АРС (2010). прикажува дека родовиот јаз во вработувањето е низок во струмичкиот, битолскиот и во штипскиот, а е висок во тетовскиот регион каде учеството на жените во работната сила е пониско од 20 проценти. Регионалната хетерогеност би можела да се објасни со повеќе фактори како што се регионалните разлики во економската структура или на општествените норми. Иако малиот примерок бара претпазливост, пресметките врз основа на АПД од 2008 година покажуваат дека Тетовскиот регион – регион со најголем родов јаз во учеството – исто така има и поголем процент на Албанци од било кој друг регион во земјата (околу 60 проценти). Според АПД, во албанската етничка група, 62 проценти од жените имаат завршено само основно образование (види дел 2.1). Тоа уште повеќе ја нагласува важноста на образованието во донесувањето одлука да се учествува во работната сила. Дел 3. Економски Можности 21 СЛИКА 15 Учество во работната сила на мажите и на жените по региони за периодот 2004-2006 година. Извор: Светска Банка (2008). Дискусиите со фокус групи спроведени како дел од проценката на сиромаштијата во 2009 година покажаа разлики помеѓу етничките групи во поглед на причините изложени за одлуката да се учествува на пазарот на труд. Генерално, мажите и жените од различните етнички групи како причини за небарање работа навеле „немам лични врски“ и „не сум член на политичките партии на власт“. Меѓутоа, етничките Македонки и Србинки ги навеле и возраста и брачната состојба. Кај етничките Албанки, традиционалните норми за вработувањето на жените (како што се рестриктивните ставови на дел од нивните сопрузи и семејства) како и личните фактори биле наведени како причини за неучество во работната 22 Република Македонија: Родова Дијагностика сила. Како лични фактори, етничките Албанки и Турчинки со пониско образование навеле или дека не сакаат да работат или дека веруваат дека нема да можат да најдат работа со нивните квалификации. Пообразованите жени од овие етнички групи би сакале да работат, но тоа би го направиле само под одредени услови (како што е работа во државниот сектор со сите надоместоци). Кај етничките Албанки, Турчинки и Ромки, ниското образование кое влијае врз стапките на учество во работната сила, делумно е и резултат на општествените очекувања: „заедницата не очекува од нив да имаат потреба од дополнителни образование за да бидат домаќинки.“26 Мажите остануваат надвор од работната сила за да студираат или порано да се пензионираат, додека жените остануваат надвор од работната сила за да ги исполнат семејните обврски. Околу 41 процент од жените и 1,3 проценти од мажите кои не учествуваат во работната сила ги наведуваат „личните и семејните обврски“ како примарна причина за небарање работа. Жените почесто од мажите ја наведуваат и „грижата за децата“ или „грижата за возрасни лица со посебни потреби“. Ова е во согласност со доказите прикажани во делот 1 поврзани со традиционалната поделба на активностите, а со тоа со родовиот јаз во времето посветено на обврските во домаќинството. Ниските стапки на упис во предучилишното образование (види дел 2.3) би можеле да бидат резултат на факторите на понудата и на побарувачката и бараат понатамошна анализа. Од една страна, во отсуство на јавни услуги за грижа за децата, високата побарувачка што доаѓа од жените кои сакаат да работат би ја поттикнало понудата на овие услуги од приватниот сектор. Од друга страна, услугите за грижа за децата што ги обезбедува државата можат да резултираат со повисоко учество на жените во работната сила бидејќи со нив се намалува резервираната плата на жените со деца. И општествените норми влијаат врз побарувачката за овој вид услуги. Мажите и жените што учествуваат во работната сила имаат слично времетраење на невработеноста (види слика 16). Во 2010 година, 32 проценти од мажите и 33 проценти од жените што учествуваат во работната сила биле невработени. Стапката на невработеност е повисока кај младите (53 проценти од мажите и жените на возраст од 15 до 24 години) и има тенденција на намалување со зголемувањето на возраста и на мажите и на жените. Времетраењето на невработеноста е слично и за мажите и за жените, со исклучок на стапката на долготрајна невработеност која повеќе ги погодува мажите отколку жените (види слика 14, прв панел). Исто така, родовите јазови во невработеноста според нивото на образование се мали. 26. World Bank. 2009.”FYR MACEDONIA POVERTY, JOBS AND FIRMS: AN ASSESS- MENT FOR 2002-2006”, стр. 64. Дел 3. Економски Можности 23 СЛИКА 16 Родови јазови не се појавуваат во стапките на невработеност или во времетраењето на невработеноста кај оние што учествуваат на пазарот на труд. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АРС (2006 и 2010). Стапката на невработеност на мажите и на жените и поврзаните родови јазови се разликуваат во зависност од избраното поле на образование. Мнозинството невработени мажи и жени се одлучиле за општообразовна образовна програма (47 проценти од невработените мажи и 43 проценти од невработените жени). Шеснаесет проценти од невработените жени студирале општествени науки, бизнис или право, додека 27 проценти од невработените мажи студирале инженерство. Овие проценти ја отсликуваат дистрибуцијата на мажите и жените по поле на образование (види дел 2.1). 24 Република Македонија: Родова Дијагностика 3.2 Невработеноста на жените Жените почесто работат како неплатени семејни работници или како вработени отколку што се самовработени; неформалното вработување27 27. Неформални вработени се оние вработени кои не се изјасниле дека се пријавени во фондот за пензиско осигурување, во фондот за пензиско и здравствено осигурување и во фондот за здравствено и социјално осигурување на Македонија. СЛИКА 17 Мажите почесто од жените се самовработени и поретко се неплатени семејни работници... ... но младите мажи се почесто неформално вработени отколку жените. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АРС (2010). Дел 3. Економски Можности 25 особено ги погодува младите мажи (види слика 17). Во 2010 година околу 79 проценти од вработените жени биле вработени за плата, а 16,5 проценти биле неплатени семејни работнички. Релативните проценти за мажите биле 69 и 6 проценти. Самовработените мажи сочинувале 24,8 проценти од сите вработени мажи додека само 8,4 проценти од вработените жени биле самовработени. Во 2010 година, неформално вработени биле 5 проценти од машкото работоспособно население и 1,5 проценти од женското работоспособно население. Неформалното вработување е особено високо меѓу младите мажи, но тој родов јаз изгледа дека се затвора со зголемувањето на возраста. Не забележуваме големи разлики во видот на договорните односи помеѓу жените и мажите. Вработените мажи исто толку често како и вработените жени работат со полно работно време или имаат договор на неодредено време. Во 2010 година, околу 98 проценти на машки работници за плата и 97 проценти од женските работници за плата се вработени со полно работно време. Осумдесет и шест проценти од женските работници за плата и 81 процент од машките работници за плата имале договор на неодредено време. Овие разлики се мали, но се статистички значајни. Жените работат помалку часови од мажите. Во просек, жените изјавиле СЛИКА 18 Жените вработени почесто од мажите вработени работат во производството или во здравството и социјалниот сектор. Напомена: Во овој графикон се презентира дистрибуцијата на врботените жени и мажи без неплатените семејни работници и самовработените лица. Во анексот 3 се дава сличен графикон за дистрибуцијата на жените и мажите работници, вклучувајќи ги вработените, неплатените семејни работници и самовработените лица. Како што покажува графиконот, голем дел од жените и мажите работници остануваат во земјоделскиот сектор. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АРС (2010). 26 Република Македонија: Родова Дијагностика дека работат 41,5 часа неделно, додека мажите изјавиле дека работат 43,2 часа неделно. Жените и мажите вработени до некаде се разликуваат во поглед на концентрацијата по сектори, а интензитетот на жените во производството28 е повисок во поголемите бизниси и во бизнисите за облека и во текстилната индустрија. Во 2010 година, поголем дел жени отколку мажи работеле во производството и во секторите здравство и социјална работа. Мажите почесто работеле во големопродажбата и во трговијата на мало и во градежништвото (види слика 18). Иако примерокот е ограничен, дополнителната анализа покажува дека во просек, интензитетот на жените во производството е поголем во поголемите бизниси (види слика 19, прв панел).29 Особено фабриките за облека и текстилниот сектор имаат повисок интензитет на жени отколку другите индустрии (види слика 19, втор панел).30 Извозните бизниси имаат повеќе вработени жени отколку неизвозните бизниси (просечно 35 проценти жени во извозните фабрики и 30 проценти во неизвозните фабрики, споредено со средната вредност од 30 и 25 проценти соодветно).31 Меѓутоа, мнозинството од овие работнички се производни работнички. На пример, во просек, женската интензивност на производствените работници во фабрика за облека е околу 96 проценти.32 Тоа може да имплицира дека трговската интеграција може да ги зголеми можностите за пониско квалификуваните жени кои генерално помалку учествуваат во работната сила. Меѓутоа, може да покаже и дека е присутна вертикална сегрегација по род. Конечно, иако промените во класификацијата од 2006 до 2010 година33 бараат внимание во толкувањето на резултатите, поголем дел жени и мажи биле вработени во услужните дејности во 2010 отколку во 2006 година. Реалокацијата на жените се случи главно од производството и трговијата на големо и мало во услужниот сектор. Кај мажите, реалокацијата се случи од градежништвото и јавната администрација во услужниот сектор.34 28. Бројот на работнички поделен со вкупниот број работници. 29. Оваа анализа е заснована на податоците од анкетата на претпријатијата на Светска Банка (2009). 30. И информатичкиот сектор има висока женска интензивност, но овие резултати може да се причинети од огранилениот број испитаници (4) 31. Важно е да се забележи дека според достапните податоци, околу 16 проценти од извозните бизниси во македонија се во секторот производство на облека. 32. И вредностите на медијаната ги потврдуваат овие трендови. 33. Со НКД од 2010 се воведоа нови категории и се групираа во нови категории кодовите од двоцифрените дејности. 34. Без разлика на ограничувањата на податоците, сепак е критично Република Македонија да ја земе предвид постојната дистрибуција на родовите како што ќе напредува во конкурентноста и нејзината интеграција во Европската Унија. Со намалувањето на старите сектори и со појавувањето на новите сектори во процесот на интеграција во трговскиот систем, постојната концентрација на секторите може да создаде поголема невработеност во конкретна родова група, зголемувајќи ја потребата за подобро насочени програми за задржување. Дел 3. Економски Можности 27 СЛИКА 19 Поголемите бизниси имаат поголема интензивност на жените во производството... ... особено бизнисите во секторот за облека и текстилниот сектор. Извор: Пресметки на авторите врз основа на Анкетата на претпријатија на Светска Банка (2009). 3.3 Родовиот јаз во платите со селекциона корелација Во 2006 година чистиот родов јаз базиран на просечните заработки на час бил 18 процени. Меѓутоа, јазот многу се разликува кога ќе ги разгледаме различните поединечни карактеристики. За жал, податоците 28 Република Македонија: Родова Дијагностика за платите во АРС 2010 се ограничени бидејќи во анкетата се дадени во форма на класи на нето плати. Поради тоа, анализата се базира на податоците од 2006 година кои покажуваат дека чистиот родов јаз во заработките се разликува кај лицата со различни карактеристики. На пример, јазот е 30 проценти кај лицата што живеат во руралните области, а 14 проценти кај лицата што живеат во урбаните средини. Јазот кај работниците за плата е 22 проценти, а во контекстот на образованието, најголемиот јаз е кај поединците само со основно образование. Збирната статистика укажува на важноста на позитивниот избор на пазарот на трудот, кој за возврат имплицира поголем необјаснет родов јаз во заработките. Врз основа на сумарната статистика, учеството на пазарот на труд е под влијание на улогата на жените во домаќинствата и од ниските очекувани плати на пониско образованите жени. Како што беше прикажано во делот 1, жените посветуваат повеќе време на домашните активности од мажите, поголем дел жени отколку мажи ги наведуваат семејните обврски како причина за неучество на пазарот на труд, а стапките на упис во предучилишно образование се пониски од просекот во регионот. Исто така, со општествените норми може да се засили традиционалната поделба на домашните активности (види дел 4). Гамберони и Посадас (2012) имаат спроведено формална анализа на детерминантите на учеството во работната сила користејќи го Хекмановиот (1979) модел за селекција. За да се земат предвид и формално да се анализираат детерминантите на учеството во работната сила, авторите спроведоа пробит равенка за одлуката дали да се учествува на пазарот на труд. Во вториот чекор, авторите ги разгледуваат детерминантите на заработкка на час и според Хекман (1979), меѓу објаснувачките променливи го вклучуват милсовиот сооднос, добиен во првиот чекор со пробит равенката, за корекција по селекција на пазарот на труд. Исклучената променлива во регресијата во вториот чекор опфаќа прокси за брачен статус, број на деца и број на постари лица (како прокси за домашните обврски). Авторите ја спроведоа оваа анализа и за потпримерок на поединци во брак и меѓу исклучените променливи ги вклучија и заработката на сопружникот и фиктивната променлива која е еднаква на еден ако сопругот е невработен. Жените поретко од мажите учествуваат на пазарот на труд, дури и кога ќе се направи контрола со серија копроменливи. Како што се очекуваше, резултатите од пробит регресиите покажуваат дека учеството во работата сила се зголемува со возраста и образованието. Жените со повисоко образование поверојатно е дека ќе бидат вработени, а ефектот на образованието е повисок кај жените отколку кај мажите. Младите жени и жените на репродуктивна возраст помалку учествуваат во работната сила отколку жените во основната категорија (на возраст од 44 до 55 години). Мажите е поверојатно дека ќе работат ако се женети, додека кај жените Дел 3. Економски Можности 29 случајот е обратен. Конечно, присуството на деца, особено помали од 6 години, ја намалува веројатноста за учество на пазарот на труд Ограничувајќи го моделот само на лицата во брак, колку е повисока заработката на сопружникот, толку е пониска веројатноста за вработување на жените, но не и на мажите (Гамберони и Посадас, 2012). И со контрола според овие променливи како што е самоизборот, жените сè уште заработуваат помалку од мажите. Исто така, во примерок ограничен само на поединци во брак, само оние со високо образование (а со тоа и повисоки плати) е поверојатно дека ќе работат, терајќи го надолу родовиот јаз во платите. Авторите го расчленија јазот во платите користејќи го расчленувањето на Оаксака Блиндер и утврдија дека необјаснетиот дел е 93 проценти. Во овој необјаснет дел е вклучена и разликата во резултатите од постигнувањата. Во врска со оваа разлика во резултатите, расчленувањето на Оаксака потврдува дека за целото работоспособно население, жените имаат повисоки резултати во заработката од образованието отколку вработените мажи. 3.4 Претприемништвото кај жените Како што беше претходно опишано, учеството на жените во самовработувањето и во претприемништвото во Македонија е многу ниско. Тоа се потврдува преку одлуката за почнување бизнис. Помалку жени одлучуваат да почнат бизнис отколку мажи, но стапките на успех не се разликуваат во зависност од родот на претприемачот. Анализата се базира на базата на податоци АЖТ 2010 и покажува дека 12 проценти од жените и 19,7 проценти од мажите одлучиле да основаат фирма. Седумдесет и три проценти од мажите и 74 проценти од жените кои почнале бизнис постигнале успех (види слика 20). Иако ограничувањата од податоците не спречуваат да спроведеме длабинска анализа, помалата веројатност жените да почнат бизнис може да биде поврзана со нивната аверзија кон ризикот, меѓутоа, не откривме статистички значаен јаз во пристапот до кредити помеѓу мажите и жените што почнале бизнис. Самопријавените мерки за спремноста да се преземе ризик (види погоре) откриваат дека жените имаат поголема аверзија кон ризикот отколку мажите освен ако споредуваме жени и мажи кои успешно основале бизнис. Иако обратната каузалност е можна, овој наод би можел да укажува и дека аверзијата кон ризикот влијае врз одлуката за почнување бизнис и врз веројатноста да се успее. Не се забележани родови јазови во уделот на мажи и жени кои се обиделе да позајмат пари за да почнат бизнис, во стапките на успешност во добивање заем или во изворот на финансирање.35 Кај пристапот до 35. EBRD. 2010. “Life in Transition Survey.” EBRD, London. http://www.ebrd.com/pages/ research/publications/special/transitionII.shtml 30 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 20 Помалку жени одлучуваат да почнат бизнис, но нивните стапки на успех и аверзија кон ризик се слични како и кај мажите. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЖТ (2010). кредити, уделот на жени кои се обиделе да позајмат пари за да почнат бизнис е низок, но тоа е случај и кај мажите (околу 41 процент од мажите и 38 проценти од жените). Од нив, 75 проценти од жените и 71 процент од мажите го добиле заемот. Роднините претставуваат главен извор на финансирање и за мажите и за жените (47 проценти и 48 проценти, соодветно), следени од банките кај жените (35 проценти од жените 26 проценти од мажите) и пријателите кај мажите (26 проценти од мажите и 10 проценти од жените). Мажите и жените се изјаснуваат дека недоволниот капитал е главна причина за неуспехот да се отвори бизнис. Меѓутоа, како главна причина за неуспех, мажите почесто наведуваат „немаат доволно капитал“ додека жените почесто ги наведуваат „промените на личната состојба“ и дека Дел 3. Економски Можности 31 „митото и рекетот се прескапи“. Резултатите базирани на базата на податоци на АЖТ (2010) покажуваат дека 73 проценти од мажите и 40 проценти од жените го наведуваат немањето капитал како клучен фактор за неуспех. Тоа е проследено од „заканата од конкуренцијата“ (16 проценти од мажите и 22 проценти од жените), „промените на личната состојба“ (6 проценти од мажите и 18 проценти од жените) и „премногу бирократија“ (околу 5 проценти и од мажите и од жените). Исто така, 11 проценти од жените изјавиле дека „рекетот е премногу скап“, а 5 проценти од жените изјавиле дека „митото е преголемо“. Последниве две причини не се споменати од машките испитаници. Малку бизниси се управувани од жени, а жените менаџери работат главно во бизниси во сопственост на жени. Анализата заснована на Анкетата на претпријатијата на Светска Банка (2009), која ги разгледува основаните мали, средни и големи бизниси, покажува дека 36 проценти од испитаните бизниси се во сопственост на жени36, а 18 се управувани од жени. Жените управуваат со 10 проценти од бизнисите во сопственост на мажи и со 33 проценти од бизнисите во сопственост на жени. Спротивно на другите земји, мажите и жените во Република Македонија малку се разликуваат по секторите во кои се ангажирани, без разлика дали се работи за машки или женски бизнис зависно од родот на менаџерот или на сопственикот. Мнозинството од бизнисите управувани од мажи и од жени се во малопродажниот сектор додека поголем процент бизниси управувани од мажи отколку бизниси управувани од жени можат да се најдат во секторите транспорт, градежништво, облека и метални преработки. Повеќе бизниси управувани од жени отколку бизниси управувани од мажи можат да се најдат во секторите малопродажба, хемикалии, храна и индустрија за пластика и за гума. Слични модели на дистрибуцијата по сектори можат да се најдат и кога ќе направиме расчленување според родот на сопственикот. Бизнисите управувани од жени се подеднакво продуктивни како и бизнисите управувани од мажи без разлика дали ја мериме продуктивноста преку обемот на продажба или преку додадената вредност по работник. Не откривме статистички значајни разлики без разлика дали се работи за обемот на продажба или за додадената вредност по работник (види слика 21). И регресионата анализа пондерирана со анкетата ги потврди овие наоди. Меѓународните докази покажуваат дека е поверојатно мажи да управуваат со бизнисите отколку жени: меѓутоа, наодите за можниот родов јаз во продуктивноста се разновидни. Литературата генерално 36. Бизнисот во сопственост на жена го дефинираме како бизнис во кој барем еден од сопствениците е жена. Бизнисите управувани од жени се оние со кои управува жена. 32 Република Македонија: Родова Дијагностика сугерира дека во сопственоста на бизнисите жените заостануваат зад мажите37 и со тоа тие се неискористен „извор на претприемачка енергија“.38 Жените претприемачи исто така се поконцентрирани во одредени сектори додека мажите се присутни во сите сектори на економијата. Тие сектори обично се малопродажбата, облеката, угостителството.39 На крајот, иако со концентрацијата по сектори и со неформалноста се објаснува голем дел од родовиот јаз во продуктивноста на фирмите, резултатите во продуктивноста по сектори се разновидни.40 Во контекстот на ЕЦА, неодамнешната студија на Саумик и Сатар (2008) утврди родов јаз од 6,5 проценти во учеството кај самовработувањето, правејќи контрола преку неколку карактеристики. Најголемите родови јазови во учеството беа утврдени кај балканските земји. Многу важно е дека Саумик и Сатар утврдиле дека самовработените жени во земјите со средни приходи на Балканот и во ЗНД поверојатно ќе платат мито за да завршат некоја работа отколку самовработените жени во другите региони. Во Русија, работејќи со различна база на податоци, Гамберони и Посадас (2012) утврдиле дека јазот во заработката е 26 проценти. Меѓутоа, користејќи ги податоците од Анкетата на претпријатијата тие утврдиле дека бизнисите управувани од жени продаваат помалку од бизнисите управувани од мажи, но имаат високо ниво на додадена вредност по работник. 37. На пример, види, Minniti, 2010; Van der Zwan et al (2011). 38. Van der Zwan et al (2011). 39. На пример, види, Bardasi et al., 2011. 40. Види Minniti and Naude, 2010, за дискусија базирана на претходната литература. СЛИКА 21 Откако ќе се основаат бизнисите, родовите јазови во претприемништвото исчезнуваат. Но, помалку бизниси се управувани од жени, а оние што се, генерално се во сопственост на жени. Дел 3. Економски Можности 33 Секторската концентрација на бизнисите управувани од мажи и од жени е слична... ... како и од големината на фирмата. Извор: Пресметки на авторите врз основа на базата на податоци на Анкетата на претпријатија на Светска Банка (2010). 34 Република Македонија: Родова Дијагностика ДЕЛ 4 Делување Како што покажува ИСР 2012, дури и ако родовите јазови во економските можности и постигнувања се тесни, можат да се појават разлики во резултатите на родовите бидејќи мажите и жените имаат различна способност за постигнување на посакуваните исходи. Тоа укажува на потребата за понатамошна анализа на делувањето; меѓутоа, ограничените податоци ја оневозможуваат оваа анализа. Во овој дел зборуваме за делувањето, фокусирајќи се на две теми: неподложување на насилство и способност да се влијае врз политиката и општеството.41 Во овој дел се анализираат и дел од факторите што влијаат врз променливите на исходите, конкретно на постојната рамка и ставови за еднаквоста на родовите, вклучувајќи ги и општествените норми. Ограничените податоци нè спречија да дадеме детален опис на анализираните променливи и да погледнеме подлабоко во другите мерки на исходите како што е нивото на формирање на семејства или способноста на жените да одлучат за своите движења и да излезат од своите домови. Статистиката за домашното насилство е ограничена, но според извештајот ЦЕДАВ (2004), „Појавата на семејно насилство е добро познат факт во Македонија и покрај фактот дека ретко се споменува во јавноста. Исто така е познато дека културните норми го обесхрабруваат пријавувањето на домашното насилство со изговор дека се работи за ‘приватна, семејна работа’“42 Врз основа на истражувањата спроведени од НВО ЕСЕ, во извештајот се наведува дека 61,2% од 850 интервјуирани жени навеле дека биле жртви на семејно насилство. Испитаниците биле домаќинки на возраст од 30 до 40 години со ниско ниво на образование.43 Извештајот н ЦЕДАВ (2005) за состојбата на ромските жени, укажува дека 70 проценти од 41. Светска Банка. 2012. „ИСР“ 42. CEDAW. 2004. стр. 17. 43. CEDAW. 2004. 35 36 Република Македонија: Родова Дијагностика 270 Ромки со кои е разговарано, навеле дека биле жртви на домашно насилство. Во 2005 година, околу една четвртина од жените во Република Македонија, на возраст од 15 до 49 години тврделе дека веруваат дека сопругот има право да ја тепа својата жена/партнер во разни околности. Ова верување е дури и почесто кај жените од руралните подрачја, кај жените без образование и кај сиромашните жени. Конечно, жените од ромската етничка група почесто од Македонките го оправдувале тепањето на жената од страна на мажот кога излегува, ги занемарува децата или кога се расправа со него.44 Според македонското законодавство, домашното насилство се смета за кривично дело, но законот изгледа дека не се спроведува. Причините за неспроведување на овој закон се непостоењето свест кај полицијата за одредбите во Кривичниот законик поврзани со домашното насилство, како резултат на недостатокот на обука. Исто така, полицијата несоодветно одговара на потребите на жените жртви на домашно насилство и не постојат институции кои обезбедуваат заштита или помош на жените жртви на домашно насилство45. Овие причини, како и општествените притисоци придонесуваат за широкото непријавување на домашното насилство. Американскиот Стејт Департмент известува дека „културните норми, вклучувајќи ја загриженоста на жртвите за можниот срам за семејството, го обесхрабруваат пријавувањето на насилството над жените и покренувањето кривични постапки. Домашното насилство е незаконско, но властите ретко го спроведуваат законот во практиката.“46 Во извештајот ЦЕДАВ (2011) се наведува дека „половата структура на жртвите во 2006 година... покажува дека има двојно повеќе жени (70,1% наспроти 29,9% од мажите) отколку мажи кои биле жртви на домашно насилство (меѓу другото, резултат на родовата состојба на жената во семејството).“47 Во извештајот се забележуваат и невообичаено ниски стапки на пријавување кај Албанците и кај Ромите што би можело да биде резултат на културните фактори кои ги спречуваат жените од овие етнички групи да го пријавуваат домашното насилство.48 И учеството на жените во колективните активности и во политиката е ограничено што го компромитира политичкото делување на жените. 44. Завод за статистика на Република Македонија и УНИЦЕФ, 2006. 45. OECD, SIGI index, accessed in June 2012 http://genderindex.org/country/macedo- nia-fyr and based on ESE, 2005. 46. United States Department of State. 2011. “Country Reports on Human Rights Practices – Macedonia.” 24 May 2012. available at: http://www.unhcr.org/refworld/ docid/4fc75a846e.html 47. CEDAW. 2011. “Consideration of reports submitted by States parties under article 18 of the Convention on the Elimination of All Forms of Discrimination against Women. Combined fourth and fifth periodic reports of States parties. The former Yugoslav Republic of Macedonia.” Page 12. http://daccess-dds-ny.un.org/doc/UNDOC/GEN/ G11/458/20/PDF/G1145820.pdf?OpenElement 48. CEDAW. 2011. Дел 4. Делување 37 Жените изгледа дека се помалку заинтересирани за политика од мажите и помалку е веројатно дека ќе учествуваат во колективни активности (види слика 22). Првиот панел на слика 22 го покажува процентот на мажи и на жени кои се изјаснуваат дека имаат интерес за политика. Како што покажува графиконот, околу 29 проценти од жените и 15 проценти од мажите изјавиле дека немаат интерес за политика, додека 8 проценти од жените и 20 проценти од мажите изјавиле дека имаат голем интерес за неа. Разликите во интересот се изразени и преку разликата во учеството. Поверојатно е мажите да учествуваат во политички активности како што е потпишување петиција или присуство на законски демонстрации (види слика 22, втор панел). СЛИКА 22 Мажите се позаинтересирани за политика... ... и поверојатно е дека ќе учествуваат во колективни политички активности. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ, 2008. 38 Република Македонија: Родова Дијагностика Меѓутоа, со тек на време се подобри политичката застапеност на жените. Бројот на пратенички во собранието се зголеми од 17 проценти во 2002 година на околу 28 проценти во 2008.49 Од 2012 година, жените држат 30,9 проценти од местата во еднодомното национално собрание.50 И процентот на жени избрани за членови во советите на општините се зголеми од 8 проценти во 2000 година на 26 проценти во 2009, но на последните општински избори не беше избрана ниту една жена градоначалник.51 Помеѓу 2006 и 2010 година, повеќе од половината од избраните судии биле жени.52 Меѓутоа, учеството на жените во синдикатите е ограничено и изгледа не се води евиденција на членовите на синдикатите по род.53 И врз мерките за делување се влијае преку економските можности, а во Република Македонија одредени трудови закони би можеле да ги наведат работодавачите да ги дискриминираат жените, а со тоа да придонесат за нивното ограничено учество во работната сила и за родовиот јаз во платите (види дел 2). Република Македонија е една од малкуте земји во регионот која не им овозможува на жените да работат еднаков број работни часови и/или во истите дејности со мажите и со тоа влијае врз потенцијалот за вработување на жените. Од 22 други земји во регионот за кои постојат податоци, 6 не дозволуваат жените да работат еднаков број ноќни часови, 12 не дозволуваат жените да работат во истите дејности.54 Со членот 65 од Законот за работни односи се пропишува дека „Жените вработени во индустријата и во градежништвото не можат да бидат распоредени во ноќна смена освен ако не е обезбеден минимален одмор од седум часа помеѓу 22.00 и 05.00 следниот ден“ додека во другите сектори „жените вработени не можат да бидат распоредени во ноќна смена кога треба да продолжат со работата поради виша сила или кога треба да се спречи штета на суровините или на други средства“55 Бремените жени и мајките на деца до една година не смеат да работат прекувремено, ниту во ноќна смена.56 На крајот, иако породилното отсуство овозможува таткото да 49. Пресметки на авторите врз основа на статистики од Заводот за статистика на Република Македонија. 50. “Women in national parliaments.” Inter-Parliamentary Union. http://www.ipu.org/ wmn-e/classif.htm 51. Пресметки на авторите врз основа на статистики од Заводот за статистика на Република Македонија. 52. CEDAW, 2011 report. 53. Kazandziska, Milka; Risteska, Marija; Schmidt, Verena. 2012. “The gender pay gap in the former Yugoslav Republic of Macedonia.” ILO Decent Work Technical Support Team and Country Office for Central and Eastern Europe. - Skopje: ILO, 2012. http://www.ilo. org/wcmsp5/groups/public/---europe/---ro-geneva/---sro-budapest/documents/publica- tion/wcms_180637.pdf 54. Пресметки на авторите врз основа на “Women, Business, and the law 2012: Re- moving Barriers to Economic Inclusion.” на ИФЦ 55. Закон за работните односи, член 65. 56. Закон за работните односи, член 61. Дел 4. Делување 39 биде отсутен од работа наместо мајката, „текстот сугерира дека жените се примарно задолжени за грижата за децата.“57 Исто така, задолжителното минимално времетраење на породилното отсуство е подолго од просекот на регионот: 270 дена споредено со регионалниот просек од 243 дена (или околу 186 дена ако се исклучат земјите со задолжително неплатено отсуство). Исто така, Република Македонија, заедно со Албанија, Грузија, Црна Гора, Србија и Турција е една од малкуте земји во кои законот не наведува дека работодавачот мора да ја врати жената на истото работно место кога ќе се врати од породилно отсуство.58 На крајот, и општествените норми влијаат врз делувањето на жените, а во Република Македонија сè уште преовладуваат стереотипите за улогата на жената во домаќинството. Иако мнозинството мажи и жени се согласуваат да ги поделат обврските во домаќинството во поглед на грижата за куќата и за децата, околу 72 проценти од мажите и 70 проценти од жените се согласуваат и со изјавата дека „работата е добра, но она што навистина го сакаат повеќето жени е дом и деца.“ Исто така, скоро половината од мажите (46 проценти) изјавиле дека веруваат дека „предучилишните деца страдаат ако нивните мајки работат“, а повеќе од половината мажи и жени изјавиле дека веруваат дека „да се биде домаќинка е подеднакво исполнувачки како и да се работи за плата“ (види слика 23, горен панел). Околу 50 проценти од мажите и 26 проценти од жените се согласуваат со изјавата дека мажот треба да има приоритет пред жената кога нема доволно работни места. Сепак, жените повеќе од мажите ја признаваат потребата за унапредување на улогата на жената надвор од домаќинството. Како што покажува сликата 23, жените почесто се согласуваат со изјавата дека „мајка која работи може да воспостави подеднакво топла и сигурна врска со нејзините деца како и мајка која не работи“ дека „имањето работа е најдобар начин жената да биде независна личност“ и дека „и мажот и жената треба да придонесуваат во приходите на домаќинството.“ Жените поретко од мажите се согласуваат дека „да се биде домаќинка е подеднакво исполнувачки како и да се работи за плата.“ Контролата преку брачната состојба и работниот статус не влијае врз овие резултати. Со повеќе закони во Република Македонија се гарантира еднаквоста на родовите. На пример со македонскиот Закон за семејството експлицитно се гарантира еднаквоста помеѓу мажот и жената во брачните и во семејните односи. Со овој закон не се прави дискриминација на жените во поглед на сопственоста на земјиште или правото на поседување друга сопственост. Не постојат законски ограничувања за правото на жените за движење, пристап 57. Kazandziska et al., 2012. 58. World Bank IFC. 2012. “Women, Business, and the Law 2012: Removing Barriers to Economic Inclusion.” http://www1.ifc.org/wps/wcm/connect/corp_ext_content/ifc_ex- ternal_corporate_site/ifc+news/news/wbl2012_report_sep2011 40 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 23 Иако мажите и жените се согласуваат дека жената треба да има проминентна улога во домаќинството... ... жените почесто од мажите се согласуваат со изјавите кои го отсликуваат нивното осилување. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ, 2008. Проценетите коефициенти и 95% интервалите на сигурност на женските фиктивни променливи се добиени на подредена пробит равенка за поставената изјава поврзана со улогите на родовите. до финансии, слобода на изразување или здружување или правото да гласаат и да се кандидираат на избори.59 59. OECD SIGI index. http://genderindex.org/country/macedonia-fyr Дел 4. Делување 41 Меѓутоа, не е јасно нивото до кое овие закони се почитуваат. На пример, во една неодамнешна родова проценка се известува дека „Иако Законот за еднакви можности е разумно добар закон, тој се смета за премногу општ и има потреба од одредено подобрување. И групите на граѓанското општество коментираат дека ВРМ не направила анализа на спроведувањето на законот иако е задолжена да го направи тоа.“60 Разгледувајќи повеќе извори, индексот ОЕЦД СИГИ известува дека иако законската минимална возраст за стапување во брак е 16 години, „има појава на рани бракови, најчесто кај ромската заедница.“ Со Законот за наследување експлицитно се пропишува дека мажите и жените имаат еднакво право на наследување. Меѓутоа, како што беше известено и во резимето на индексот ОЕЦД СИГИ, жените во Македонија сè уште се соочуваат со дискриминација во поглед на овие права. На пример, „жените во практика имаат ограничени можности да се стекнуваат и да управуваат со земјиште и други форми на имот бидејќи имотот обично се води на име на мажот или на друг машки член на семејството, особено во руралните подрачја“.61 Разгледувајќи ја родовата стратегија на владата, Министерството за труд и социјална политика, кое е институција задолжена за родовите прашања, почна процес на консултации со чинителите во однос на новата стратегија за еднаквост на родовите. Со новата стратегија која го опфаќа периодот 2013-2017, но сè уште не е донесена, ќе се замени постојната, која го опфаќаше периодот 2007-2012 година. Во неа, како клучни приоритети, се утврдуваат десет стратешки цели и една меѓусекторска област. Приоритетните области опфаќаат промовирање на универзалните човекови права на жената; промовирање на родовата еднаквост во процесите на одлучување, вклучување мерки за зголемување на политичкото учество на жените; унапредување на бележењето и објавувањето на родово расчленети статистички податоци во сите области на социјалното делување; воведување родово чувствително образование во образовните планови и програми; програми за поддршка на економско осилување на жените преку конкретни политики за намалување на невработеноста; зголемување на уделот на женското претприемништво и отстранување на сите форми на дискриминација на пазарот на труд и на работното место; отстранување на сите форми на насилство над жените, вклучувајќи го и домашното насилство; унапредување на здравјето преку поддршка и спроведување на постојните програми за превенција и развивање нови; намалување на сиромаштијата и развивање соодветен систем на социјална заштита; подигање на одговорноста на медиумите за промовирање на родовата еднаквост и борба со стереотипите во медиумите; зголемување на учеството на жените во мировните процеси и вградување на родовата перспектива во заштитата и промоцијата на здравото опкружување. За секоја од овие области, со планот се опишуваат 60. Cozzarelli, 2010. 61. OECD SIGI index. http://genderindex.org/country/macedonia-fyr 42 Република Македонија: Родова Дијагностика конкретни активности и поврзани показатели со кои ќе се следи успешното спроведување на овие активности. Конечно, во планот е вклучена и една меѓусекторска област: зајакнувањето на институционалните капацитети и механизми за вклучување на родовите перспективи во јавните политики, стратегии и акциони планови како и вклучување на методите за родово буџетирање на национално и на локално ниво.62 Некои групи изразија загриженост за начинот на кој во планот од 2007 година се утврдиле наведените приоритети и за начинот на кој се следел напредокот во секоја област. Секоја година, владата треба да изготви оперативен план во кој конкретно се наведува што ќе направи владата за да ги исполни целите на планот и да го следи и да даде извештај за спроведувањето на планот.63 Меѓутоа, повеќе прашања се поставуваат околу првичниот план и следните активности: „Заедничкото мислење беше дека Акциониот план е поконкретен, но е многу проблематичен бидејќи нема приложено начин на финансирање. Исто така, НВО изразија повеќе други забелешки околу Акциониот план, вклучувајќи дека тој речиси не се спроведува, дека министерствата и другите надлежни централни и локални субјекти не одговараат за неговото спроведување и дека малку се следи и се известува за она што е направено според планот и дека ВРМ не спровела темелна родова проценка за да ги определи приоритетните прашања кои се рефлектираат во планот туку дозволила донаторите да ги определат приоритетите. Постоеше поделено мислење дали Акциониот план е силен документ бидејќи повеќето групи од граѓанското општество изјавија дека според нивното мислење планот е силен документ, но спроведувањето е проблем, а помал број женски НВО го отфрлија планот како производ воден од донаторите, одвоен од македонската реалност.“64 Владата неодамна ја донесе својата прва петгодишна стратегија за родово одговорно буџетирање.65 ООН известуваат дека „Владата веќе почна да развива оперативен план за спроведување родово чувствителни буџетски процеси и како прв чекор ги упати ресорните министерства да 62. Собрание на Република Македонија. 2007. „Национален акционен план за родова еднаквост 2007-2012.“ 63. Cozzarelli. 2010. 64. Cozzarelli. 2010, pg. 17. 65. Техничка и финансиска поддршка беше обезбедена од канцеларијата на ОН- ЖЕНИ во Скопје во рамки на регионалниот проект „Промовирање на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ финансиран од Австриската развојна агенција и од ОН Жени. Дел 4. Делување 43 внесат родова димензија во буџетските предлози за 2013 година. Градењето капацитети и обуките за државните службеници се планирани наскоро заедно со учебник за нивно користење.“ 66 Стратегијата има три комплементарни компоненти: „1) воведување родова перспектива во програмите и во буџетите на буџетските корисници на централно и на локално ниво, 2) подобрување на законската рамка за воведување родово одговорно буџетирање и 3) зајакнување на институционалните механизми и градење капацитети потребни за вклопување на родовата перспектива во креирањето политики и програми и со нив поврзани буџети.“67 66. UN Women. 2012. “Writing women into the budget: FYR Macedonia welcomes its first stratgety on gender-responsive budgeting.” Posted on 2 August 2012. http://www. unwomen.org/2012/08/writing-women-into-the-budget-fyr-macedonia-welcomes-its- first-strategy-on-gender-responsive-budgeting/ 67. Стратегија за воведување родово одговорно буџетирање во Република Македонија 2012-2017. 44 Република Македонија: Родова Дијагностика ДЕЛ 5 Заклучок Во оваа национална родова проценка се разгледуваа родовите јазови во постигнувањата, економските можности и делувањето во Република Македонија. Проценката ја следи рамката на ИСР 2012, според која се дава приоритет на домаќинството. Одлуките донесени во домаќинството зависат од моќта за преговарање на секој член на домаќинството, а со тоа и од неговиот пристап до постигнувањата, економските можности и делувањето. На опстојувачките родови јазови може да се влијае само со директни активности во овие димензии. Во поглед на постигнувањата, родовите јазови во образованието се присутни само кај одредени етнички малцинства. Меѓутоа, сите жени во Република Македонија се соочуваат со поголеми временски ограничувања, имаат помал пристап до заштеди и се концентрираат во помалку полиња на студирање од мажите. Република Македонија постигна родова еднаквост во здравството и во образованието, со исклучок, во втората категорија, на одредени етнички малцинства. Иако резултатите од учењето во 8-мо и во 4-то одделение се подобри кај девојчињата отколку кај момчињата, генерално жените во Република Македонија се концентрираат во помалку полиња на образование од мажите и помалку е веројатно дека ќе продолжат со образованието отколку мажите, како резултат на семејните обврски. Жените многу поголем процент од своето време отколку мажите посветуваат на домашните активности, а ограничен број деца се запишуваат во градинките. Конечно, не забележавме јазови во пристапот до кредити туку во пристапот до заштеди: помал дел жени (18 проценти), отколку мажи (25 проценти) изјавиле дека имаат заштедено пари. Во категоријата на економските можности постојат големи родови јазови во учеството во работната сила, во заработките на работниците и во одлуката за почнување бизнис. Во врска со последното, анализата не открива разлики во продуктивноста помеѓу бизнисите управувани од 45 46 Република Македонија: Родова Дијагностика жени и бизнисите управувани од мажи. Учеството во работната сила е пониско кај жените отколку кај мажите и е пониско од регионалниот просек. Жените со пониско образование поретко учествуваат на пазарот на труд од другите жени. Правејќи контрола преку повеќе фактори, како што се искуството и образованието, да се биде жена ја намалува веројатноста за влегување на пазарот на труд. Контролирајќи преку самоизборот на пазарот на труд и преку повеќе вообичаени копроменливи, жените заработуваат помалку од мажите. На пример, жена со завршено средно образование, во возрасната категорија 25-34 години, заработува 29,8 проценти помалку отколку мажите. Бизнисите управувани од жени се подеднакво продуктивни како и бизнисите управувани од мажи, но и покрај тоа што поголем дел од жените студираат општествени науки и бизнис, сепак помалку жени отколку мажи отвораат свој сопствен бизнис. Во иднина, Република Македонија треба да се стреми да го зголеми пристапот до економските можности за жените. Бидејќи учеството на жените во работната сила е особено ниско кај помалку образованите жени, неодамнешното усвојување на минималната плата може да има важни последици врз жените. Анхел – Урдинола (2008) презентира серија симулации како би можел да се промени родовиот јаз во платите со воведувањето на минималната плата. Неговите резултати покажуваат дека воведувањето минимална плата во износ од 40 до 50 денари на час би придонело за намалување на родовиот јаз во платите за 15 до 23 проценти преку намалување на големиот родов јаз во платите забележан кај работниците со ниско образование. 68 Поради тоа, неодамнешното воведување на минимална плата од 150 евра месечно претставува интересен настан којшто треба да се следи.69 Поради важноста на образованието за учеството, со политиките треба да се бараат начини да се влијае врз потенцијалните плати на жените (на пример образовни програми и програми за обука) и начини да се влијае врз резервираната плата на жените, длабински анализирајќи ја улогата на грижата за децата и флексибилното работно време. Имајќи предвид дека во однос на мажите, поголем дел невработени и обесхрабрени вработени жени имаат дипломи во право, општествени науки или бизнис, владините програми дизајнирани за охрабрување на претприемништвото треба поексплицитно да бидат насочени кон жените. Тоа може да помогне да се затвори јазот во пристапот до претприемништвото. Исто така, треба да се оценат постојните програми за обука за да се осигури дека со нивните 68. Минималната плата утврдена над пазарната цена на трудот може да предизвика намалување на побарувачката за работна сила, меѓутоа Урдинола (2008) сугерира дека високото ниво на дискриминација и ниската мобилност на пазарот на труд би можеле да укажуваат дека работодавачите ги плаќаат ниско обучените жени под нивниот маргинален производ на трудот. 69. “Macedonia sets minimum wage.” SETimes.com. Oct. 5, 2011. http://setimes.com/ cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/roundup/2011/10/05/roundup-bs-03 Дел 5. Заклучок 47 распореди се земаат предвид временските ограничувања што можат да дојдат со „семејните обврски“ (види дел 1). Конечно, кај одредени етнички групи, со ниското ниво на образование само делумно се објаснува ниското учество во работната сила. Жените од етничките малцинства со високо ниво на образование се спремни да прифатат само работа со одредени карактеристики, но причините за тоа се нејасни. Република Македонија треба да ги разреши и постојните јазови во делувањето; особено домашното насилство треба да биде приоритет на агендата на родовата еднаквост. Иако ограничените податоци оневозможија длабинска анализа, во 2005 година, голем дел од жените на возраст од 15 до 49 години изјавиле дека веруваат дека „мажот има право да ја тепа својата жена/партнер.“70 Ова верување е дури и почесто кај жените од руралните подрачја, кај жените без образование и кај жените од ромската етничка група.71 Ограничените достапни информации покажуваат дека со обучувањето на полицијата за одредбите за домашно насилство и со поддршката на институциите кои обезбедуваат заштита и помош за жртвите ќе се зголеми веројатноста дека жените ќе го пријавуваат домашното насилство. Меѓународните искуства резимирани во ИСР 2012 покажуваат дека давателите на услуги можат поефективно да се насочат кон жените преку справување со нивните ограничувања во поглед на времето и мобилноста и директно донесување на услугите до нив. Овие услуги, на пример, опфаќаат правници во заедницата и мобилни канцеларии за правна помош кои им овозможуваат на жените да го искористат правосудниот систем. Исто така, во ИСР 2012 се сугерира дека со зголемувањето на бројот на жените во правосудниот систем и во полициските сили кои активно се вклучени во справувањето со домашното насилство се зголемува веројатноста жените да ги пријават случаите на домашно насилство.72 Во поглед на делувањето, учеството на жените во колективните активности е ограничено, а негативните родови стереотипи сè уште постојат. Жените поретко од мажите учествуваат во колективни активности, но политичката претставеност на жените се подобрува со тек на време. Преовладуваат родовите стереотипи околу улогата на жената во домаќинството, но жените и мажите не ги делат истите мислења за улогата на родовите во домаќинството. На пример, околу 50 проценти од мажите се согласуваат со изјавата дека „мажот треба да има приоритет ако нема доволно работни места“ додека само 26 проценти од жените се согласуваат со оваа изјава. Конечно, ограничените достапни податоци, особено за етничките малцинства, оневозможија подлабока анализа. Имајќи го предвид мултиетничкото население на Република Македонија, подоброто прибирање 70. Завод за статистика на Република Македонија и УНИЦЕФ, 2006. 71. Завод за статистика на Република Македонија и УНИЦЕФ, 2006. 72. Светска Банка. 2012. „ИСР“ стр. 32. 48 Република Македонија: Родова Дијагностика на податоците за малцинствата во областите како што се учеството во работната сила, јазовите во платите, здравствените резултати и делувањето се од суштинска важност за дизајнирање на насочени решенија на политиките базирани на цврсти докази. Литература Angel-Urdinola D. 2008. “Can the Introduction of a Minimum Wage in FYR Mace- donia decrease the gender wage gap?” Policy Research Working Paper 4795. http://siteresources.worldbank.org/SOCIALPROTECTION/Resources/SP- Discussion-papers/Labor-Market-DP/0837.pdf CEDAW. 2011. “Consideration of reports submitted by States parties under article 18 of the Convention on the Elimination of All Forms of Discrimination against Women. Combined fourth and fifth periodic reports of States parties. The for- mer Yugoslav Republic of Macedonia.” http://daccess-dds-ny.un.org/doc/ UNDOC/GEN/G11/458/20/PDF/G1145820.pdf?OpenElement CEDAW. 2004. “Consideration of reports submitted by States parties under Article 18 of the Convention on the Elimination of All Forms of Discrimination against Women Combined initial, second and third periodic reports.” The former Yu- goslav Republic of Macedonia.” http://daccess-dds-ny.un.org/doc/UNDOC/ GEN/N04/463/31/IMG/N0446331.pdf?OpenElement Cozzarelli, C. 2010. “Gender Assessment USAID/Macedonia,” USAID. Washington DC. http://transition.usaid.gov/our_work/cross-cutting_programs/wid/pubs/ Macedonia_Gender_Assessment_2010.pdf EBRD. 2010. “Life in Transition Survey.” EBRD, London. http://www.ebrd.com/pa- ges/research/publications/special/transitionII.shtml European Values Study. 2008. http://www.europeanvaluesstudy.eu/evs/surveys/sur- vey-2008.html Gamberoni E. and J. Posadas. 2012. “Gender gaps in labor market outcomes: partici- pation, unemployment, and wage gaps in FYR Macedonia,” mimeo. World Bank. Washington DC Goldin C. 1994. “The U-Shaped Female Labor Force Function in Economic Develop- ment and Economic History.” NBER Working Paper No. 4707. http://www. nber.org/papers/w4707.pdf?new_window=1 49 50 Република Македонија: Родова Дијагностика Kazandziska, Milka; Risteska, Marija; Schmidt, Verena. 2012. “The gender pay gap in the former Yugoslav Republic of Macedonia.” ILO Decent Work Technical Support Team and Country Office for Central and Eastern Europe. - Skopje: ILO, 2012. http://www.ilo.org/wcmsp5/groups/public/---europe/---ro- geneva/---sro-budapest/documents/publication/wcms_180637.pdf Kluve J. , Rother F. and M.L. Sánchez Puerta, (2012) “Training Programs for the Un- employed, Low-Income, and Low-Skilled Workers.” Chapter 5 in The Right Skills for the Job? Rethinking Training Policies for Workers. Rita Almeida, Jere Behrman, and David Robalino (Eds.). World Bank, Washington DC Macedonia Parliament. 2007. “National Action Plan for Gender Equality 2007-2012.” “Macedonia sets minimum wage.” SETimes.com. Oct. 5, 2011. Available at http:// setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/round- up/2011/10/05/roundup-bs-03 Macedonia statistical office and UNICEF. 2006. “Multiple Indicator Cluster Survey: Monitoring the situation of children and women, 2005-2006.” http://www. unicef.org/statistics/index_24302.html Macedonia statistical office. 2008. “Household Budget Survey.” http://www.stat.gov. mk/PrikaziPoslednaPublikacija_en.aspx?id=2 Macedonia statistical office. 2010. “Time Use Survey.” http://www.stat.gov.mk/Prika- ziPoslednaPublikacija_en.aspx?id=58 Macedonia statistical office.2011. “Institutions for care and education of children- kindergartens.” available at http://www.stat.gov.mk/PrikaziPoslednaPublikaci- ja_en.aspx?id=21 Mammen K. and C. Paxson. “Women’s Work and Economic Development.” Journal of Economic Perspectives, Vol. 14, No. 4. (Autumn, 2000), pp. 141-164. http:// faculty.washington.edu/blsykes/Readings/Mammen_Paxson.pdf OECD DEVELOPMENT CENTER. “Social Institutions and Gender Index.” available at http://genderindex.org/country/macedonia-fyr as accessed on June 14, 2012. OECD IOPS Country Profiles. “FYRO Macedonia.” http://www.oecd.org/site/iops/ documents/40561423.pdf UN database. http://www.un.org/en/databases/ UN Women. 2012. “Writing women into the budget: FYR Macedonia welcomes its first stratgety on gender-responsive budgeting.” Posted on 2 August 2012. http://www.unwomen.org/2012/08/writing-women-into-the-budget-fyr- macedonia-welcomes-its-first-strategy-on-gender-responsive-budgeting/ United States Department of State. 2011. “Country Reports on Human Rights Practi- ces – Macedonia.” 24 May 2012. available at: http://www.unhcr.org/refworld/ docid/4fc75a846e.html [accessed 14 June 2012] Van der Zwan P., Verheul I. and A. Roy Thurik (2011), “The entrepreneurial ladder, gender, and regional development” Small Business Economics “Women in national parliaments.” Inter-Parliamentary Unioin. http://www.ipu.org/ wmn-e/classif.htm Литература 51 World Bank. 2009. Enterprise Survey. World Bank, Washington DC. World Bank. 2012. Global Financial Inclusion Database. World Bank, Washington DC. World Bank. 2008. “FYR Macedonia Labor market profile 2004-2007: Policy note,” mimeo. World Bank. Washington, DC. World Bank. 2009. “FYR MACEDONIA POVERTY, JOBS AND FIRMS: AN AS- SESSMENT FOR 2002-2006.” Report No. 48510-MK, World Bank, Washington DC. http://siteresources.worldbank.org/INTECA/Resources/FYRMacedonia- PA.pdf World Bank. 2011. “Gender Equality and Development. WDR 2012.” World Bank, Washington DC. World Bank. 2012. “World Development Indicators database.” World Bank, Washing- ton DC. World Bank IFC. 2012. “Women, Business, and the Law 2012: Removing Barriers to Economic Inclusion.” http://www1.ifc.org/wps/wcm/connect/corp_ext_con- tent/ifc_external_corporate_site/ifc+news/news/wbl2012_report_sep2011 52 Република Македонија: Родова Дијагностика Анекс: Јазови и статистички значајни разлики во клучните променливи Просечно изјавено задоволство од животот Средна вредност Мажу 7.001441 Жени 6.697982 Prob > F 0.022 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ 2008. Важност дадена на домените работа семејство пријател разонода политика религија Жени 0.034 0.421*** 0.112 0.098 -0.305*** 0.245*** Забелешка: коефициент на женската фиктивна променлива врз основа на подреден пробит. *** обележува значајност од 1% Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ 2008. Тест на пропорцијата на машките и женските ученици запишани во училиште Тест на пропорцијата на машките и женските на задолжителна возраст за запишување во училиште Македонци Албанци Роми Машки (средна вредност) 0.9758204 0.96648 0.860465 Женски (средна вредност) 0.967118 0.888199 0.785714 Pr(|Z| < |z|) 0.3857 0.0049 0.3661 Тест на пропорцијата на машките и женските на возраст за запишување во незадолжителното средно образование Македонци Албанци Роми Машки (средна вредност) 0.9383562 0.871212 0.428571 Женски (средна вредност) 0.9135514 0.744526 0.518519 Pr(|Z| < |z|) 0.163 0.0085 0.4816 Забелешка: Тест: Ho: diff = prop(Машки) - prop(Женски)=0 наспроти Ha: prop(Машки) - prop(Женски)!0 53 Извор: Пресметки на авторите врз основа на АПД 2008. 54 Република Македонија: Родова Дијагностика Просечно ниво на образование на лицата над 15 години кои не се запишани во училиште Сите (средна вредност) Албанци (средна вредност) Роми (средна вредност) Машки 3.730142 3.466855 2.51634 Женски 3.430568 2.902036 2.218543 Prob > F 0 0 0.0064 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АПД 2008. Скала на аверзија кон ризик Над Средна вредност Машки 5.439966 Женски 4.493487 Prob > F 0 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЖТ. Просечен број часови на работа Вообичаени часови Остварени часови Машки 43.228 41.33 Женски 41.85 39.35 Prob > F 0 0 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АРС 2010. Времетраење на невработеност Просечно години Машки 7.169878 Женски 6.534867 Prob > F 0.008 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АРС 2010. Интерес за политика (скала) Средна вредност Стандардна грешка [95% Conf. интервал] Машки 2.605449 0.03419 2.538384 2.672515 Женски 2.133207 0.037462 2.059724 2.206691 Prob > F 0 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ 2008. Анекс: Јазови и статистички значајни разлики во клучните променливи 55 Законски Учество во... Петиција Бојкот демонстрации Штрајк Окупација Машки 2.373847 2.112911 2.098797 1.767049 1.462683 Женски 2.084987 1.847366 1.810778 1.477851 1.23703 Prob > F 0 0 0 0 0 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност базиран на оригиналните индекси кои варираат од 1 до 3. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ 2008. Мажите треба да имаат предност кога има недостиг на работни места Процент согласни Машки 0.4794487 Женски 0.2601848 Prob > F 0 Забелешка: Валд тест на еднаква средна вредност. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ 2008. Вработената мајка може да воспостави подеднакво топла Да се биде домаќинка и сигурна врска со Дете на претшколска Работата е добра, но она е подеднакво нејзините деца како и возраст ќе страда ако што вистински го сакаат исполнувачки како мајката која не работи неговата мајка работи жените е дом и семејство работата за плата Женска фиктивна 0.218*** -0.192*** 0.053 -0.174*** променлива Имањето работа е И мажот и жената треба Генерално, и татковците Мажите треба да најдобар начин жената да придонесуваат се подеднакво спремни преземат подеднакви да стане независна за приходите на да се грижат за одговорности за домот и личност домаќинството децата како и мајките за децата како и жената Женска фиктивна 0.483*** 0.323*** -0.084 0.118* променлива Забелешка: коефициентот на женската фиктивна променлива е заснован на подреден пробит. *** оределува значајност на 1%. Извор: Пресметки на авторите врз основа на АЕВ 2008. 56 Република Македонија: Родова Дијагностика СЛИКА 24 Дистрибуција на работниците по сектори Извор: Пресметки на авторите врз основа на АРС (2010).