ГРУПАЦИЈА СВЕТСКА БАНКА Овој проект е финансиран од Европската Унија Излегување од кругот на исклученост на Ромите во Западен Балкан Извршно Резиме ©2019 Меѓународна банка за обнова и развој/ Светска банка 1818 H Street NW, Washington, DC 20433 Телефон: 202-473-1000 Интернет: www.worldbank.org Овој документ е изготвен од страна на вработените од Светска банка со надворешен придонес. Наодите, толкувањата и заклучоците изразени во овој документ не секогаш ги изразуваат гледиштата на Светска банка, нејзиниот одбор на извршни директори односно владите кои ги застапуваат. Оваа публикација е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. За нејзината содржина единствено се одговорни службеници на Светска банка и не секогаш ги отсликува гледиштата на Европската Унија. За Европската Унија, именувањето на Косово е без предрасуди околу позициите за неговиот статус и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1244/1999 и со Мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Декларацијата за независност на Косово. Светска банка не ја гарантира точноста на податоците вклучени во овој документ. Границите, боите, деноминациите и другите информации прикажани на било која мапа во овој документ не имплицираат никаков суд од страна на Светска банка во врска со законскиот статус на било која територија односно потврда односно прифаќање на таквите граници. Права и дозволи Материјалот во овој документ е предмет на авторски права. Бидејќи Светска банка го поттикнува ширењето на своето знаење, овој документ може да се репродуцира, целосно или делумно, за некомерцијални цели, под услов да се обезбеди целосно повикување на овој документ. Сите прашања околу правата и дозволите, вклучувајќи ги и супсидијарните права треба да се достават до World Bank Publications, The World Bank Group, 1818 H Street NW, Washington, DC 20433, USA; fax: 202-522-2625; e-mail: pubrights@worldbank.org. Фотографија на насловната страница: Јута Бензенберг ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Извршно резиме Ромите се најголемото етничко малцинство во Европа како и една од најонеправдените и социјално исклучените групи. Тие обично имаат само ограничен пристап до основни услуги и до економски можности. Иако не постојат сигурни податоци за ромското население во Западен Балкан, расположливите проценки укажуваат дека уделот на Ромите во населението на земјите е во опсег од 1,7 проценти во Босна и Херцеговина до 9,6 проценти во Северна Македонија. Ромите имаат ограничен пристап до образование, економски можности, здравствена заштита, домување и основни услуги и до документација дури и во споредба со нивните соседи од други заедници што живеат во нивна непосредна близина. Сепак, инклузијата на Ромите не е само морален императив; демографското стареење во Европа значи дека тоа е и економски умно. Придобивките од инклузијата на Ромите не се за занемарување и опфаќаат зголемување на продуктивноста поврзано со повисоката стапка на вработеност и заработки од труд, а тие донесуваат фискални придобивки преку поголеми даночни приходи и пониски расходи за социјална помош. Тоа е особено важно во општествата кои стареат бидејќи апсорбирањето на Ромите што влегуваат во работната сила може да помогне да се делува против намалувањето на работоспособното население. Ромите се младо население и овој наплив на младост може да се претвори во демографска добивка преку соодветно инвестирање во образованието и во основните услуги. Без дополнителни инвестиции, властите ќе ја пропуштат шансата што има дава демографскиот момент. Поради недостигот на квалитетни податоци, истражувањата за инклузијата на Ромите, за да се обезбедат информации за политики базирани на докази, се оскудни и потребни се точни податоци за програмите што се спроведуваат во Западен Балкан. Етничката припадност генерално не е тема во репрезентативни анкети на домаќинствата на национално ниво, а административните податоци обично не се расчленуваат по етничка припадност. Ромите понекогаш не сакаат да се изјаснуваат како Роми. Како резултат на тоа, нивниот број на пописите е помал од реалниот и немаат доволен примерок во анкетите на домаќинствата. Овој извештај има за цел да го пополни овој недостаток на знаења и да обезбеди информации за креирање на политики со тоа што ќе користи податоци од Регионалната анкета на Ромите (РАР) спроведена во 2011 и во 2017 година, најсеопфатната анкета досега за животните услови и за исходите на човековиот развој меѓу маргинализираните ромски домаќинства во Западен Балкан како и на другите домаќинства во непосредна близина на ромските. Во 2011 година РАР се спроведе во 12 земји од Централна и Источна Европа, вклучувајќи и пет земји од Западен Балкан и претставува анкета на домаќинства со повеќе теми репрезентативна за заедниците во кои уделот на Ромите е повисок од уделот на Ромите во населението на земјите.1 Со неа се опфатени како ромското население така и другото соседно население. По спроведувањето на првиот бран на РАР во 2011 година, Генералниот директорат на Европската Комисија (ЕК) за соседска политика и приговори за проширување (ДГ НЕАР), сакајќи да ги истражи промените во основните развојни исходи кај маргинализираните Роми и другите што живеат во близина, од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и од Светска банка нарача во 2017 година да спроведат уште една рунда на РАР во земјите од Западен Балкан. Во двата брана на РАР, рамката за извлекување на примерокот вклучуваше заедници во кои уделот на ромското население е поголем од уделот на Ромите на национално ниво, нарекувајќи ги маргинализирани Роми. Во бранот од 2011 година, примерокот се ограничи на Ромите што живеат во области каде концентрацијата на Роми е над 40 проценти; во бранот од 2017 година беа опфатени и областите со концентрација на Роми помеѓу 10 проценти и 40 проценти. И во двата брана, анкетирани се и другите заедници што живееле во непосредна близина на Ромите од примерокот; наречени се „други“ и не се 1 Петте земји од Западен Балка беа Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. 1 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН репрезентативни за населението на национално ниво во секоја земја. 2 За прв пат беше додадено и Косово кое не беше вклучено во првиот круг. Паралелното квалитативно истражување спроведено од Светска банка во соработка со Институтот за етнографија во Србија помага да се разберат основните механизми зад јазовите помеѓу ромското и другото население во образованието и на пазарот на трудот, со особено внимание на родот. 3 Резултатите покажуваат дека маргинализираните Роми во Западен Балкан ги немаат погодностите и средствата што им требаат ниту пак способноста ефикасно и интензивно да ги користат средствата што ги имаат за да генерираат економски добивки и да се качуваат по социоекономската скала. Ромите се соочуваат со повеќе пречки и ограничувања што ја попречуваат нивната способност да акумулираат човечки капитал, да учествуваат на пазарот на трудот на рамноправна основа и да генерираат економски добивки. Недоволната големина и акумулација на човечки, физички, финансиски и општествен капитал ја ограничуваат способноста на ромските домаќинства да генерираат приходи во текот на животниот циклус. Маргинализираните Роми не се добро оспособени; нивното враќање во образованието е ниско; а нивната способност да акумулираат средства е ограничена. Слабото ангажирање на пазарот на трудот претставува упорен феномен што не се подобрува така што нивната способност да остваруваат приходи од труд е тесна. Споредбата на податоците од РАР од 2011 и од 2017 година покажува дека во годините помеѓу двете анкети е постигнат мал напредок кон инклузијата на Ромите во петте приоритетни области утврдени од ДГ НЕАР: образование, пазар на труд, здравје, домување и основни услуги и документација. Овој извештај се заснова на двата круга на РАР во 2011 и во 2017 година и на квалитативната работа со Ромите за да се утврдат клучните пречки и ограничувања со кои се соочуваат Ромите во петте приоритетни области на инклузијата на Ромите. Наодите се резимирани подолу заедно со релевантни препораки за политиките. Петте приоритетни области Образование Се анализираат повеќе димензии на образованието низ животниот циклус, вклучувајќи го уписот во предучилишното и задолжителното образование и стапките на завршување на задолжителното, средното и високото образование. Низ регионот, опфатот на Ромите со образование е тесен, а етничките јазови се широки. Иако имаше одредено подобрување во периодот 2011-17, јазовите помеѓу Ромите и нивните соседи од другите заедници остануваат значителни, особено кај средното и високото образование. Нееднаквоста помеѓу Ромите и другите станува очигледна уште на почетокот на животот. Финансиските трошоци се наведени како најважна пречка која го ограничува запишувањето на ромските деца во предучилишно образование во Западен Балкан. Поради тоа, укинувањето на надоместоците за предучилишно образование и обезбедувањето други финансиски поттици може да го охрабри запишувањето на помалите ромски деца. Иако сите влади, во своите Национални акциони планови за инклузија на Ромите, спроведуваат мерки за подигање на запишувањето во предучилишно образование пристапот на Ромите до предучилишно образование е низок и бележи многу мали промени помеѓу 2011 и 2017 година. Во 2017 година, уписот во предучилишно образование на маргинализираните Роми на возраст од 3 до 5 години беше во опсег од само 3 процени во Босна и Херцеговина до 2 Во секоја земја, во секоја од годините на анкетата беа анкетирани членови на околу 750 ромски и соседни други домаќинства. 3 Квалитативната студија е финансирана од Заедничката фондација за родова еднаквост. Во Прилогот А се дадени детали за методологијата и за дизајнот на квантитативната анкета и за квалитативното истражување. 2 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 33 проценти во Албанија. Помалата предучилишна стимулација дома и ограничената изложеност на мнозинскиот јазик исто така значи дека ромските деца се помалку подготвени кога почнуваат со основното училиште. Големо мнозинство старатели велат дека не ги испраќаат своите деца во училиште бидејќи не можат да си го дозволат тоа. Тоа го покажува и неодамнешната проценка на понудата и на побарувачката во Западен Балкан која укажува на недостигот на пристапни услуги како на важно ограничување на запишувањето во училиште. Обезбедувањето субвенции за детска грижа или други финансиски поттици за домаќинствата со ниски приходи може да помогне да се ублажи прашањето на пристапноста. Најновите докази од контролното истражување по случаен избор спроведено во 236 сиромашни населби во Бугарија покажува дека укинувањето на трошоците за градинка е најрентабилна стратегија за поттикнување на запишувањето во градинка. Задолжителното образование не е најдобар изедначувач; и понатаму има значителни јазови во уписот во задолжителното образование, главно поради дискриминацијата и рестриктивните социјални норми. Во 2017 година, јазовите помеѓу Ромите и нивните соседи од другите заедници во уписот во задолжителното образование беа во опсег од 10 процентни поени (во Северна Македонија) до 29 и 31 процентни поени (во Црна Гора, односно Албанија) иако запишувањето на ромските деца се прошири во сите земји. Во Албанија и во Црна Гора, во 2017 година, барем третина од ромските деца на возраст од 7 до 15 години биле надвор од школскиот систем. Во повеќето земји, голем дел од јазовите помеѓу Ромите и нивните соседи од другите заедници не може да се објасни со разлики во забележаните карактеристики, како што се демографијата и другите карактеристики на домаќинството, укажувајќи дека дискриминацијата и социјалните норми играат важна улога. Кај Ромите, семејното потекло е поврзано со нивото на запишување во задолжителното образование. Поврзаноста помеѓу семејното потекло, запишувањето и академските постигнување е основен двигател на нееднаквоста на шансите. Дури и откако ќе се направи контрола според приходите, можеме да видиме дека потеклото на родителите – главно образовното ниво на мајката – е поврзано со повисока стапка на запишување кај учениците на возраст за задолжително образование. Подобро образованите мајки можат повеќе да помогнат во образованието на нивните деца и може да се соочат со помалку проблеми со ликвидноста, дури и откако ќе направиме контрола според приходите на домаќинството. Тоа значи дека подигнувањето на образовното ниво на мајките, подобрувањето на родителските вештини и олабавувањето на ограничувањата од ликвидноста кај пониско образованите родители треба да води и кон повисоки стапки на запишување во задолжителното образование. Стапките на завршување на задолжителното образование кај Ромите на возраст од 18 до 21 година се генерално ниски, а родовите јазови се големи. Стапките на завршување на задолжителното образование се во опсег од 34 до 70 проценти во Црна Гора, односно во Северна Македонија додека кај нивните соседи од другите заедници тие во сите земји се над 90 проценти. Во Босна и Херцеговина, Косово и во Северна Македонија, младите жени Ромки на возраст од 18 до 21 година имаат значително помала веројатност да го завршат задолжителното образование од младите мажи Роми. Кај другите групи, јазовите во стапките на завршување на средното и на високото образование во споредба со соседите од другите заедници се дури и пошироко; високото образование скоро и да не постои за Ромите. Стапката на завршување на средното образование кај Ромите на возраст од 22 до 25 години покажува големи разлики од една земја до друга, од само 3 проценти во Црна Гора до 32 проценти во Северна Македонија. Помеѓу 2011 и 2017 година напредок е забележан само во некои земји. Кај високото образование имаше многу мали промени од 2011 до 2017 година; завршувањето и понатаму беше надвор од достапот. Финансиските трошоци се главна пречка за запишувањето во задолжителното и во повисоките нивоа на образованието, но детските бракови, исто така, претставуваат важна пречка за Ромките. Низ земјите, околу една половина од лицата на возраст од 6 до 24 години кои не се во училиште и кои имаат завршено најмногу 3 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН задолжително образование (Меѓународна стандардна класификација на образованието [ИЦСЕД] 2) изјавуваат дека не посетуваат училиште поради економски фактори, имено поради трошоците за образование или придружните трошоци како што се за превоз и за книги. Меѓу девојчињата и жените на возраст од 6 до 24 години кои немаат завршено задолжително образование и не се во училиште, помеѓу 11 проценти (Босна и Херцеговина) и околу една третина (Северна Македонија и Србија) изјавуваат дека тие не се во училиште бидејќи се омажиле. Кај жените на возраст од 20 до 49 години постои негативна корелација помеѓу бракот како дете и пониското ниво на завршено образование. Далечината од училиштето не е особена пречка. Според РАР во 2017 година, повеќе од 90 проценти од членовите на ромските домаќинства што се во градинка или во основно училиште имаат помалку од 15 минути до најблиското училиште. Пониските образовани аспирации меѓу Ромите изгледа се конзистентни со пониските стапки на враќање во образованието, но исто така и тешкиот пат до успехот и немањето примери. Во сите земји, огромно мнозинство на испитаници од другите заедници, генерално доста над 70 проценти, рекле дека за детето е доволно да заврши високо образование. Кај Ромите тоа е случај кај помалку од 50 проценти од испитаниците во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Исто така, во сите земји освен во Северна Македонија, значителен дел од испитаниците Роми рекле дека ИЦСЕД 1 и 2, односно, основното образование, е доволно за едно дете. Ова гледиште беше доста поретко кај другите заедници. Меѓутоа, овие разлики во аспирациите не се доволно големи да ги објаснат забележаните етнички јазови во образовните постигнувања. На пример, уделот на испитаниците Роми што рекле дека високото образование е доволно, иако понизок отколку истиот кај нивните соседи од другите заедници, сепак е значителен во опсег од нешто над една четвртина во Србија до околу 60 проценти во Косово. Сепак, стапките на завршување на високо образование кај Ромите се скоро нула. Немањето доверба во давателите на образовни услуги влијае врз користењето на услугите. Ова прашање може потенцијално да се разреши со ромски медијатори, но мора внимателно да се разгледаат предизвиците на спроведувањето. (Медијаторот е почитуван член на ромската заедница кои ги поврзува членовите на ромската заедница со давателите на услуги) Низ земјите, повеќето ученици Роми изјавуваат дека посетуваат интегрирани училишта иако голем дел сé уште посетуваат мнозински ромски училишта, што може да биде сигнал за понизок квалитет на образованието во последните. Напорите за интегрирање на училиштата треба да ги земат предвид предизвиците од спроведувањето на интеграцијата како што се недоволната безбедност или потребата за патување на подолги растојанија за да се посетува интегрираното училиште што може да биде фактор на одвраќање, особено кај ромските девојчиња. Голем дел од ромските деца во регионот на возраст од 7 до 15 години и понатаму посетуваат училишта со висока концентрација на ученици Роми. Меѓу учениците маргинализирани Роми во 2017 година, помеѓу 10 проценти (во Србија) и 40 проценти (во Северна Македонија) изјавиле дека посетуваат мнозински ромски училишта. Наспроти тоа, нивните соученици од другите заедници имале помала веројатност да посетуваат такви училишта. Северна Македонија се истакнува со јаз од 28 процентни поени, односно, само 12 проценти од другите заедници посетуваат мнозински ромски училишта. Напорите за интегрирање на училиштата треба да се комбинираат со активни мерки за антидискриминација бидејќи подобрите исходи во интегрираните училишта нема да можат да се остварат ако постои дискриминација. Податоците РАР покажуваат дека за разлика од другите земји како што се Чешката Република и Словачката Република, во Западен Балкан ромските деца не се непропорционално застапени во специјалните училишта 4 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН или во училиштата за деца со хендикеп. Според РАР од 2017 година, само околу 1 процент од маргинализираните Роми на возраст од 7 до 15 години во регионот посетувале специјални училишта додека уделот на децата од другите заедници што посетуваат специјални училишта бил ист што покажува дека не постои нееднаквост според етничката припадност. Уделите беа мали и во 2011 година. Меѓутоа, овие резултати може да укажуваат и на значително непријавување. Иако нема доволно податоци за квалитетот на училиштата и за исходите на учењето, квалитетот на образованието кај учениците со онеправдено потекло е проблем во регионот што укажува на тоа дека Ромите можат да бидат особено погодени. Учениците со онеправдено потекло обично покажуваат полоши резултати. Земјите од Западен Балкан имаат многу помал удел на силни ученици отколку другите земји во Европа. Во Косово, само 2,5 проценти од учениците со онеправдено потекло се во првата четвртина најуспешни ученици на тестовите на Програмата за меѓународна оценка на учениците. Пазар на трудот Ниското учество во работната сила и високата невработеност значи дека изгледите за вработување на Ромите на работоспособна возраст се слаби. Ромите, особено ромските жени, имаат многу помала веројатност да учествуваат на пазарот на трудот отколку нивните соседи од другите заедници како и од мнозинското население. Невработеноста е особено висока кај Ромите. Над 50 проценти од економски активните Роми на работоспособна возраст во Албанија и во Босна и Херцеговина се невработени. Вработеноста кај Ромите е во опсег од 13 проценти во Косово до 22 проценти во Северна Македонија. Овие стапки се многу пониски отколку кај нивните соседи од другите заедници и од националниот просек кој исто така е многу понизок од просечната стапка на вработеност во 28 земји членки на Европската Унија (ЕУ28) од 67,5 проценти. 4 Податоците јасно покажуваат дека треба да се посвети внимание на интеграцијата на Ромите на пазарот на трудот. На страната на понудата, социјалната помош и трансферите помеѓу домаќинствата изгледа дека немаат создадено демотивација за работа кај маргинализираните Роми во Западен Балкан. Поради недостиг на податоци, нема докази за демотивирачките ефекти на дознаките врз економската активност кај Ромите. Податоците од РАР од 2017 година не покажуваат значителни разлики во учеството во работната сила помеѓу Ромите што живеат во домаќинства што добиваат детски социјални надоместоци и социјална помош во споредба со оние што не добиваат. Стапките на неактивност кај поединците што живеат во ромски домаќинства што добиваат парична помош или алиментација од други домаќинства во земјата или во странство се пониски кај ромските семејства што добиваат трансфери, освен во Босна и Херцеговина. Во некои земји, значителното потпирање на приходите од дознаки може да придонело за ниската стапка на учество во работната сила и за високата невработеност поради можното влијание врз платата под која не би работеле односно најниската плата со која поединецот би прифатил одреден вид работа. Меѓутоа, тоа не може да се тестира користејќи ги расположливите податоци од РАР. Родовиот јаз во учеството во работната сила кај Ромите е голем. Родовите јазови во учеството во работната сила кај Ромите се во опсег од 23 процентни поени во Албанија до 33 процентни поени во Косово. Во сите земји, присуството на деца во домаќинството и семејните обврски се главни причини за неактивноста на жените додека кај мажите неактивноста главно произлегува од недоволната побарувачка за труд. Значителен дел во родовиот јаз и понатаму останува необјаснет откако ќе се направи контрола според карактеристиките на поединецот и на домаќинството, што укажува на важната улога на незабележаните фактори кои може да ги вклучат социјалните и нормите во заедницата како и дискриминацијата. 4 ЕУ28 се постојните членки на ЕУ. 5 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Повеќе ограничувања што се преклопуваат ја ограничуваат вработливоста на Ромите, вклучувајќи го недостатокот на вештини и на искуство, времето, пристапот до услуги (за грижа за децата и за постарите), ограничените флексибилни работни ангажмани и неповолните ставови и социјални норми. Ограничувањата на вработливоста претставуваат прв и најважен сет на пречки со кои се соочуваат Ромите. Освен ниското образовно ниво, има слаба достапност до стручни вештини имајќи го предвид недостатокот на обука на работното место кај Ромите, ограничените програми за претприемништво и за развој на социјални претпријатија и немањето пристап до шеми за микрофинансирање. Немањето пристап до информации и мрежи на пазарот на трудот и другите ограничувања на информациите може да влијаат врз поврзувањето на Ромите баратели на работа со слободните работни места, особено кај оние што живеат во ромските населби. Рестриктивното трудово законодавство, ограничените флексибилни работни ангажмани и високите даноци на трудот за работниците со ниски плати и работниците на одредено време влијаат врз вработливоста на Ромите. Жените Ромки се соочуваат со непријателски ставови на пазарот на трудот и покрај фактот дека споделуваат слични аспирации за вработување со нивните машки сонародници. Достапноста и користењето на институционалните центри за грижа за децата се генерално ниско во Западен Балкан и проширувањето на квалитетната и достапна детска грижа може да го поттикне учеството на жените во работната сила. Социјалните норми и нормите во заедницата исто така претставуваат важни ограничувања бидејќи тие ја ставаат жената во домаќинството и во активности за грижа и го ограничуваат образовното ниво на жените преку детските бракови. Стеснувањето на јазовите во човечкиот капитал помеѓу Ромите и другото население може да не биде доволно да обезбеди фер шанси на пазарот на трудот бидејќи различните резултати на човечкиот капитал сигнализираат нееднаков третман. Просечниот поврат од школувањето кај Ромите варира помеѓу 0 проценти и 3,4 проценти, многу под повратот на нивните соседи од другите заедници како и под просекот во Европа. Владите треба да продолжат да инвестираат во образованието на Ромите, но доведувањето на Ромите во образованието мора да биде добра инвестиција. Така, чувствителните политики за справување со дискриминацијата и влијанието врз повратот од школувањето се основни, на пример справувањето со квалитетот на образованието и со финансиските ограничувања. И временската динамика на политиките е исто така важна. Резултатите од школувањето обично доаѓаат бавно што значи дека ако сега се спроведат политики за значително зголемување на повратот од образованието кај Ромите, може да поминат многу години пред Ромите да ги стигнат нивните соседи од другите заедници. На кус рок, повратот од школувањето менува малку, не повеќе од 2 процентни поени секоја деценија. Највисокиот поврат од школувањето кај Ромите е од високото образование; поради тоа проширувањето на опфатот со високо образование е важно за да се подобрат исходите на пазарот на трудот кај Ромите. Меѓутоа, тоа не треба да биде на штета на основното и средното образование бидејќи основното образование е основна услуга, а пристапот до основно и до средно образование е предуслов за влез во високото. Освен справувањето со бариерите за вработување на страната на понудата, мора да се разрешат и ограничувањата на страната на побарувачката на трудот. Ако се подигнат само пречките на страната на работникот, на пример преку повисоко образовно ниво, обука и други поттици, но не се разрешат ограничувањата на страната на побарувачката, исходите може да не се подобрат како што се очекува. Релевантните мерки би можеле да опфатат справување со дискриминацијата и стереотипите во приватниот сектор и со тоа да се поддржи вработувањето на Ромите во компаниите. Би можеле да вклучат и пошироки политики за позитивна дискриминација, субвенции на плати и вработување, мерки на стап и морков и така натаму. Би биле корисни и кампањи за информирање на работодавачите. Освен законските услови, работодавачите може да немаат доволно информации за практичните придобивки од вработувањето разновидна работна сила. 6 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Пазарот на трудот е приоритетна област што најмногу заостанува главно поради значителното влошување на учеството во работната сила и на вработеноста кај Ромите во сите земји освен во Северна Македонија и поради немањето напредок во стеснувањето на јазовите во однос на соседите од другите заедници. Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора имаат особено мали исходи кај вработеноста на Ромите. Тоа ја нагласува потребата за поширока агенда за отворање повеќе и подобри работни места низ Западен Балкан, но бара и фокусирање на потребите на Ромите, жените и ранливите групи и на пречките на пазарот на трудот со кои се соочуваат овие групи, вклучувајќи ги пречките предизвикани од дискриминацијата и од социјалните и нормите во заедницата. Тоа би значело (1) утврдување политики и интервенции со кои би се отвориле работни места за онеправдените Роми и за другите ранливи групи и (2) поддршка и оценување на насочените интервенции на пазарот на трудот во корист на Ромите за да се даде приоритет и да се спроведат интервенции што функционираат како што се отстранувањето на трошочните бариери за поттикнување и утврдување и проширување на другите интервенции што функционираат вклучувајќи интервенции насочени кон жените Ромки кои е многу помалку веројатно од нивните сосетки од другите заедници да учествуваат на пазарот на трудот или да бидат вработени. Здравје Во овој дел се анализираат повеќе димензии на здравјето и здравствената заштита, вклучувајќи го и самоперципираната здравствена состојба, незадоволената потреба за здравствена заштита, покриеноста со здравствено осигурување и користењето на услугите на превентивната здравствена заштита. Во повеќето земји во периодот помеѓу 2011 и 2017 година има мали промени во покриеноста или пристапот до здравствените услуги и имаше мали промени кај нееднаквоста. Самоперципираната здравствена состојба е полоша кај маргинализираните Роми отколку кај нивните соседи од другите заедници што може да укажува на пониски објективни здравствени исходи кај Ромите. РАР не содржи објективни здравствени исходи, но податоците од РАР покажуваат дека иако во сите земји ромското население е помладо отколку соседното население од другите заедници, Ромите сепак имаат перцепција за полоша просечна здравствена состојба од другото население. Во сите земји, зачестеноста на самопријавените незадоволени потреби за здравствена заштита е значителна, а пристапноста и немањето здравствено осигурување се единствена најважна самопријавена пречка што придонесува за здравствената нееднаквост. Во земјите за кои се достапни национални податоци, незадоволените потреби за здравствена заштита се во опсег од само 3 проценти од вкупните здравствени потреби во Северна Македонија до 9 проценти во Црна Гора. Кај Ромите уделот на незадоволени потреби од 16 проценти во Северна Македонија до 36 проценти во Албанија. Низ земјите, мнозинството Роми изјавуваат дека високите трошоци или немањето здравствено осигурување се причини за нивните незадоволени потреби за здравствена заштита и тие почесто од нивните соседи од другите заедници ги пријавуваат овие причини. Достапноста на центрите за здравствена заштита изгледа дека не претставува голема пречка за пристапот до здравствените услуги. Низ земјите, големо мнозинство од Ромите изјавуваат дека во близина имаат медицински центар. Согласно најчестите причини наведени за незадоволените потреби за здравствена заштита, Ромите поретко имаат здравствено осигурување и многу почесто изјавуваат дека не можат да си ги дозволат лековите што им се потребни на членовите на нивните домаќинства. И недоволните информации, разликите во верувањата и во ставовите за здравствената заштита и дискриминацијата се главни фактори, а видливите социоекономски карактеристики исто така се заслужни за некои од јазовите во покриеноста со здравствено осигурување. Големината на јазот на покриеноста со здравствено осигурување е поголема во Албанија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Покриеноста со здравствено осигурување е особено ниска во Косово, главно бидејќи нема задолжително здравствено осигурување. Во сите земји, иако разликите во карактеристиките на поединците и на домаќинствата 7 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН помагаат да се објасни дел од јазот во покриеноста со здравствено осигурување, значителен дел останува необјаснет. Во Црна Гора немањето пристап до лични карти многу влијае врз шансите за добивање здравствено осигурување. Користењето превентивни здравствени услуги кај маргинализираните Роми е ограничено, а трошоците секогаш се водечки фактор за јазовите во користењето на превентивните здравствени услуги. Низ земјите, само 50 проценти од Ромите на возраст од 16 и повеќе години изјавуваат дека во последните 12 месеци имаат користено услуги на превентивна здравствена заштита. Ова е спротивно на повисоката стапка на користење кај соседите од другите заедници што е во опсег од 63 проценти во Косово до 71 проценти во Северна Македонија и во Србија. Имањето здравствено осигурување ја зголемува веројатноста за користење услуги за превентивна здравствена заштита во сите земјите освен во Косово. Домување и пристап до основни услуги Многу Роми живеат во супстандардни или неформални населби и доживуваат тешка пренаселеност; етничките јазови опстојуваат кај пристапот до основни услуги иако во некои земји има забележано напредок. Проширувањето на пристапот до услуги како електрична енергија, водовод во домот, приклучоци кон јавна канализација или септичка јама и прибирање на отпадните води е инклузивно во Босна и Херцеговина и во Србија, но и понатаму има големи јазови, а некои области остануваат без услуги. Немањето сигурни документи за земјиштето во неформалните населби придонесува за недостиг на домови и услуги за многу маргинализирани Роми. Пристапот до други продуктивни средства како што е финансискиот капитал е ограничен што се отсликува преку слабото користење на финансиски услуги; и несигурните имотни права го ограничуваат продуктивното користење на земјиштето. Во сите шест земји, во однос на нивните соседи од другите заедници, значително поголем дел ромски домаќинства изјавуваат дека никогаш не користеле банки, банкомати или пошти. Тоа е во согласност со генералниот недостиг на пристап до финансиски услуги во Западен Балкан. Несигурните сопственички права го ограничуваат продуктивното користење на земјиштето и ја ограничуваат способноста на ромските домаќинства да остваруваат приходи. Супстандардното домување и недоволниот пристап до услугите може да влијае врз акумулацијата на човечки капитал. Документација Анкетите покажуваат висок опфат со изводи од матичната книга на родените и со лични карти, но квалитативните докази укажуваат дека Ромите често немаат соодветни документи, како доказ за жителство, за да добијат пристап до социјални услуги. Опфатот со лични карти е релативно тесен во Црна Гора каде може да влијае врз можноста Ромите да добијат социјални услуги и права. И немањето документација како што се свидетелствата од странство претставува проблем за Ромите повратници од ЕУ што доведува до одложување на запишувањето на децата во формалниот образовен систем или запишување на учениците во одделенија што не одговараат на нивното претходно школување во ЕУ. Трендови во пристапот до услугите и економските можности и нееднаквоста Во целина, образованието и домувањето се истакнуваат како приоритетни области во кои се постигнати најдобри резултати; просечната покриеност во периодот од 2011 до 2017 година во повеќето земји порасна 8 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН иако доказите за напредокот во однос на нееднаквоста не се конклузивни. 5 Сепак, низ приоритетните области, образованието и пазарот на трудот даваат најслаби показатели и најшироки јазови. Промените во покриеноста и нееднаквоста во здравството се мали, а доказите за подобрување или за влошување не се конклузивни додека пристапот до економски можности преку пазарот на трудот во многу земји се влоши, доказите за нееднаквоста на пазарот на трудот генерално не се конклузивни. Доказите за документацијата генерално не се конклузивни или се мешани иако опфатот на Ромите е генерално екстензивен. Агенда за политиките Крајната цел е Ромите да станат здрави, продуктивни членови на општеството кои се добро интегрирани на пазарот на трудот. Тоа укажува на интегриран пристап низ целиот животен циклус со кој ќе се помогне да се надминат пречките со кои многу Роми се соочуваат уште од раното детство. Имајќи ги предвид факторите што ја ограничуваат инклузијата на Ромите во Западен Балкан, во овој извештај се утврдуваат политики и интервенции што можат да доведат до подобри исходи кај маргинализираните Роми. Прва е агендата за податоците бидејќи прецизните податоци за програмите што се спроведуваат во Западен Балкан се оскудни, а соодветното следење и оценка на политиките е невозможно без соодветни податоци. Потоа се разгледуваат препораките за политиките во петте приоритетни области и двете теми што се испреплетуваат, родот и дискриминацијата. Потоа е опишана потребата за интегриран пристап за да се прекине циклусот на исклученост на Ромите. Креирањето политики врз основа на докази е основно ако креаторите на политиките и практичарите сакаат да ги подобрат своите одлуки за политиките како и управувањето со програмите насочени кон инклузија на Ромите; оценката базирана на докази е клучна алатка за подобрување на програмите. Примената на податоците, доказите и оценката на одлучувањето опфаќа: (1) Треба да се надградат ригорозни докази врз она што функционира, вклучувајќи ги и трошоците и придобивките. Ригорозната оценка може да опфати контролни опити по случаен избор и квазиекспериментални студии за мерење на влијанието на програмата како и анализа на трошоците на политиките во однос на исходот за да се подобри распоредувањето на јавните ресурси. Отсуството на ригорозна оценка не секогаш значи дека програмите не се ефективни, но значи дека не сме сигурни за вистинското влијание што го има програмата. (2) Испорачувањето на програмата треба да се следи, а оценката на влијанието треба да се користи за да се мери ефективноста на програмата. Тоа е клучно за основната отчетност да осигури дека програмите функционираат како што треба и да се утврдат можностите за подобрување. Ако прибирањето на соодветни анкетни податоци се скапо или непрактично, за оценка на исходите на програмата може да се користат и административни податоци. (3) Користење на ригорозни докази за подобрување на програмите, проширување на она што функционира и пренасочување на средствата од постојано неефективните програми. (4) Охрабрување на иновациите и тестирање нови пристапи. Тековното следење и оценување на политиките е несоодветно поради недостатокот на официјални податоци расчленети по етничка припадност. За поефикасно да се насочат политиките кон маргинализираните ромски заедници и да се оценат влијанијата, властите во Западен Балкан треба да го подобрат квалитетот на официјалните податоци за сигурно да се измерат етничките диспаритети. Недостатокот на рубрика за етничка припадност во официјалните анкети и во административните податоци ја ограничува можноста за ефективно следење на исходите за инклузија на Ромите. Многу национални акциони планови не даваат конкретни, мерливи показатели за успешноста, меѓници или извори на податоци ниту пак укажуваат на органите одговорни за следење и оценување. 5 Доказите се смета дека не се конклузивни ако промените не се доволно големи за да се утврди статистички значајна разлика помеѓу двете години кога се спроведени анкетите. 9 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Со цел поефективно следење и оценка и ефикасно спроведување на Законот за антидискриминација , ЕК се залага за прибирање податоци за домаќинствата што се расчленети според самостојното изјаснување за етничката припадност. Меѓутоа, тоа доведува до значајни предизвици. Прво, многу Роми не сакаат да се изјаснат за својата етничка припадност. За да се справат со овој проблем, прашалниците во анкетите треба да содржат двојно изјаснување за етничката припадност т.е. да овозможат испитаниците да се изјаснат за повеќе од една етничка припадност со вклучување прашања за мајчиниот јазик. Јавните кампањи како што се оние спроведени во Црна Гора и во Србија, за да се охрабри етничкото изјаснување кај Ромите, може да бидат корисни со тоа што ќе доведат до намалување на неизјаснувањето. Дополнителни предизвици се и политичките и законските пречки и постоењето ставови за импликациите врз приватноста од прибирањето податоци во анкетите на домаќинствата расчленети по етничка припадност. Прагматичниот пристап кон краткорочни подобрување на официјалните податоци би можел да се фокусира на подобрувањето на административните податоци што се базираат на доброволно давање на информации чија приватност е заштитена. Овие податоци може да претставуваат и корисна алатка за следење и оценување. Примерите за административните податоци што би можеле да ја опфатат и етничката припадност вклучуваат податоци за социјалното осигурување, образованието, здравјето и за јавните услуги за вработување. Би можеле да се разгледаат повеќе други стратегии за да се подобри сигурноста на етничките податоци на среден и на долг рок. Податоците за етничката припадност би можеле да се прибираат низ повеќе системи на податоци, со поголема застапеност во примерокот, да се прибираат преку таргетирани периодични анкети или да се поврзуваат низ повеќе извори на податоци користејќи индиректни методи. Сеопфатната дијагностика на ранливоста е критична за утврдување на регионалните извори на ранливост и за опциите на политиките за справување со неа. За да се поддржи одлучувањето базирано на докази, развојот на географски информативен систем базиран на спојување на административните податоци, пописните податоци и на мапите на сиромаштија би можел да обезбеди поточна расчленета слика на изворите на ранливоста кај Ромите. Можен втор чекор би се состоел од работа со избрани влади од Западен Балкан за да се генерира географски информативен систем во кој информациите би се ажурирале автоматски. Овој предлог би можел да се реализира во контекстот на поддршката на развојот на социјални регистри – база на податоци на потенцијални корисници на повеќе програми за социјална помош во Западен Балкан. Мапите на сиромаштијата нудат увид во успешноста на потенцијалното таргетирање на географските интервенции насочени кон Ромите. Резултатите од истражувањето спроведени за овој извештај покажуваат дека географски насочените проекти ќе допрат до најголем дел од Ромите во Србија, но не и во Албанија. Комбинирањето на мапите на сиромаштија на Албанија и на Србија со пописните податоци за дистрибуцијата на Ромите во секоја од земјите покажа дека, во Србија, Ромите се концентрирани во општините со висока стапка на сиромаштија. Според тоа, насочувањето на ресурсите кон области во Србија со висока стапка на сиромаштија би било корисно за Ромите. Во Албанија, Ромите не се концентрирани во најсиромашните области што укажува на тоа дека таргетирањето на најсиромашните општини не секогаш би допрело до Ромите и поради тоа во Албанија мора внимателно да се дизајнираат, пилотираат и спроведуваат дополнителни методи за таргетирање. Иако мапите на сиромаштија помагаат да се утврди дистрибуцијата на сиромаштијата низ делови на земјите, тие, во моментов, не можат да се користат за да се утврдат џебовите на маргинализирани Роми во дискретни рурални области на гратчиња и градови. Ако се користи географско таргетирање, може да има ромски заедници во општините во кои стапките на сиромаштија се многу ниски и тие да бидат пропуштени (грешка на исклученост). Доаѓањето до тие заедници ќе бара различен пристап. 10 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Агендата на политиките базирана на етнички информации која ќе ги води практичарите, развојните партнери и креаторите на политиките што работат на напредок на инклузијата на Ромите мора да ги поддржи и да ги оцени интервенциите насочени кон Ромите, вклучувајќи ги жените Ромки до ниво кое функционира. Креаторите на политиките треба да се фокусираат на избрани заедници за да дизајнираат, пилотираат и оценат интервенции базирани на најдобрите меѓународни практики што имаат потенцијал да се прошират на национално и на регионално ниво. Врз основа а дијагностиката на критичните ограничувања со кои се соочуваат Ромите како и на прегледот на успешните интервенции дизајнирани за справување со овие ограничувања, истражувањето спроведено за потребите на овој извештај утврди повеќе мерки на политиките за стеснување на етничките јазови во секоја од приоритетните области. Мерки на политиките во образованието Агендата за образованието и вештините можеби може да доведе до најголеми промени кај Ромите на долг рок. Интервенциите во раниот детски развој можат да станат основа за когнитивниот развој и за здравјето и продуктивноста на долг рок. Важно е и подобрувањето на квалитетот, еднаквоста и пристапот до задолжителното образование како и спроведувањето насочени програми за зголемување на запишувањето и учењето на Ромите во средното образование како што е програмата за условен паричен надоместок (УПН) во Северна Македонија. Утврдени се осум мерки на политиките што можат да помогнат да се стеснат етничките диспаритети во образованието во Западен Балкан. Тие опфаќаат: (1) промовирање на раното вклучување на ромските деца преку достапно, квалитетно предучилишно образование, (2) обезбедување дополнителна образовна поддршка за ромските деца и воведување колаборативни техники на настава за инклузивни училници, (3) обезбедување финансиски поттик за да се промовира запишувањето, (4) обезбедување менторска поддршка и модели за студентите во премин кон повисоко образование, (5) промена на менталните склопови и на социоемоционалните вештини за да се подобри академската успешност, (6) промовирање на користењето на ромските медијатори на сите нивоа на образованието, (7) осигурување дека училиштата во кои учат Роми и други ранливи деца добиваат соодветно финансирање и (8) справување со сегрегацијата и промовирање недискриминаторски практики во училиштата. Мерки на политиките насочени кон пазарот на труд Четири главни мерки на политиките можат да помогнат да се подобрат исходите со вработувањето кај ромското население на работоспособна возраст. Тие се: (1) подобрување на вештините и на работното искуство на Ромите баратели на работа преку воведување можности за стручно образование во секторите што имаат раст, паралелно со доквалификација и преквалификација или приправништво; (2) прилагодување на активните програми на пазарот на трудот (АППТ) и на јавните услуги за вработување (ЈУВ) да понудат поефикасни услуги за Ромите преку фокусирање на интервенциите што им помагаат на работниците Роми да пристапат до разните пазари на трудот, надминување на секторската и просторната неусогласеност и зголемување на достапот на ЈУВ до Ромите и на финансиските поттици за вработување на Роми; (3) справување со дискриминацијата и со стереотипизирањето на Ромите на пазарот на трудот преку спроведување пошироки програми за позитивна дискриминација во вработувањето, спроведување кампањи за информирање за да се подигне свеста на работодавачите обезбедувајќи информации за работата со ранливи групи и охрабрување на јавните установи да станат пример за недискриминаторски практики и (4) примена на иновативни шеми за справување со ограничувањата на побарувачката на работници и за поттикнување на претприемништвото што може да опфати претприемништво и развој на програми за социјални претпријатија и програми за поттикнување на пристапот до шеми за микрофинансирање. 11 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Мерки на политиките во здравството Во здравството, три главни мерки на политиките можат да помогнат да се подобрат здравствените исходи кај ромското население. Тие вклучуваат: (1) понатамошно промовирање на здравствените знаења и на свеста преку ромски здравствени медијатори; (2) поддршка на универзалниот опфат со здравствена заштита и одобрување финансиско покривање на сметките за лекување на сиромашните и на ранливите за да се поттикне користењето на формалните здравствени услуги со акцент на превентивната здравствена заштита и (3) обезбедување обука за свесност за дискриминацијата за давателите на здравствени услуги за да се намалат и спречат дискриминаторските практики. Мерки на политиките во областа на домувањето и пристапот до основни услуги Во областа на домувањето и основните услуги, три главни мерки на политиките можат да помогнат да се подобри пристапот на Ромите до пристојно домување. Овие мерки бараат проширување на опсегот на алатки што им се на располагање на властите, вклучувајќи ги проектите и програмите, а со тоа и спроведување на нов модел што го надминува нивото на обезбедување социјално домување и надоместоци за домување. Овие мерки би вклучиле: (1) подобрување на условите за домување нај најслабостоечките Роми што живеат во супстандардни населби; (2) помагање на сиромашните семејства да се преселат во подобри домови преку холистички и партиципативен пристап и (3) законско регулирање на градењето и на користењето на становите; добар пример од неодамна е законот за третман на незаконските објекти во Северна Македонија. Мерки на политиките за документацијата Две главни мерки на политиките можат да помогнат да се подобри пристапот до документацијата меѓу ромското население. Тие се: (1) намалување на товарот и на трошоците поврзани со регистрацијата на граѓаните, посветување особено внимание на внатрешно раселените лица (ВРЛ) и враќањето на Ромите, меѓу кои уделот на лица што немаат соодветна документација е голем, (2) подигање на свеста за придобивките од регистрацијата на граѓаните преку информативни кампањи како на мнозинските јазици така и на ромски јазик, ова е особено критично во Црна Гора поради големата појава на ВРЛ и релативно ниската покриеност со лични карти. Мерки на политиките за родот како тема што е секаде застапена Бидејќи жените Ромки се соочуваат со повеќе пречки и онеправдености, мерките на политиките би требало да се фокусираат на стеснувањето на родовиот јаз кај ромското население. Овие мерки би вклучиле: (1) обезбедување дополнителен финансиски поттик во корист на посетувањето на девојчињата на училиште, како што се УПН што се подарежливи кон девојчињата отколку кон момчињата, (2) фокусирање на АППТ за жените Ромки, на пример преку нудење обука и програми за вработување во приватниот сектор што се атрактивни за нив и не го врзуваат за секторите што немаат раст; (3) намалување на социјалните норми со родови предрасуди преку фокусирање на групи за самопомош и насочени информации и нормативни кампањи насочени кон влијанието во процесот на одлучување кај ромските девојчиња за продолжување со образованието, одложување на браковите и излегување на пазарот на трудот; (4) надминување на ограничувањата поврзани со обврските за грижа на младите жени, вклучувајќи обезбедување достапни, квалитетни услуги за грижа за децата и УПН што зависи од посетувањето училиште за да се одложи стапувањето во брак и раѓањето деца; (5) унапредување на социјалната кохезија користејќи го докажаниот модел на групи за самопомош. Исто така, мерките за зголемување на понудата, користењето и достапноста на предучилишното образование, грижата за децата и за постарите би имале влијание врз учеството на жените во работната сила. 12 ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРУГОТ НА ИСКЛУЧЕНОСТ НА РОМИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Мерки на политиките за дискриминацијата како тема што е секаде застапена Дискриминацијата, предрасудите и стереотипизирањето бараат интервенции во сите сектори. Некои од погоре предложените мерки се справуваат со дискриминацијата во сите конкретни сектори. Други мерки што се предложени од Светска банка во Романија може да се испробаат и во другите земји од Западен Балкан. Овие мерки опфаќаат: (1) воспоставување системи за помош и за услуги во локалните административни единици за жртвите на дискриминација што ќе можат да им помогнат и да ги искористат своите законски можности и (2) воведување механизам за надзор за детектирање и намалување на стереотипизирањето на Ромите во медиумите. Како понатаму? Излегување од кругот на исклученост на Ромите преку интегриран пристап За да се излезе од кругот на исклученост на Ромите потребен е сеопфатен и интегриран пристап со кој ќе се надминат пречките во животниот циклус. Интегрираниот пристап осигурува дека повеќе пречки со кои се соочуваат Ромите се разрешуваат холистички преку обезбедување на основните услуги, социјалните права и фокусирани интервенции. Ваквиот пристап бара координирани напори низ повеќе сектори, вклучувајќи ги властите и членовите на заедницата. За да се постигне координиран напор, управувањето и испорачувањето на услугите мора да осигури навремено утврдување на ранливите групи, брза проценка на потребите и прилагодени услуги. И пристапот кон давањето услуги преку управување со предмети исто така е потребен во интегрираниот пристап. Активното допирање до ромските заедници е основно. Дијагностиката на ранливостите е неопходен чекор во постигнувањето прилагодени услуги. Утврдувањето на регионалните извори на ранливост во образованието, здравството, пазарот на труд, домувањето и така натаму е клучно за дизајнирањето оптимален микс на политики, програма и услуги за интеграција на Ромите и на другите ранливи групи. Мора да се направи напор за да се оцени дали тековниот микс на политики е добро дизајниран и дали е усогласен со профилот на ранливоста на целното население, односно на Ромите и на другите ранливи групи. Анализата на социјалните програми може да придонесе за посистематски пристап кон социјалната заштита. Оваа анализа може да помогне да се воспостави (1) дали дизајнот на програмата е усогласен со пречките и ограничувањата со кои се соочува целното население и (2) дали има исклучени ранливи групи, на пример, поради строгите услови за квалификување или поради неповолната географска локација. 13